21.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаДарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство - сопругата ме тепаше во...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од САД, во емотивно гостување кај Стефан Лазаров откри детали за еден од најмрачните периоди од својот живот.

<

Иако денес живее нова приказна, Дарко се потсети на својот прв брак со Американка која, според неговото сведоштво, била зависничка од кристал мет, насилна и манипулативна личност. Се запознале на брод каде тој работел, а таа била патничка. Поврзани преку социјалните мрежи, нивната љубов започнала интензивно, довела до венчавка во Македонија и негова преселба во САД.

„Од почетокот ништо не беше како што изгледаше. Таа лажеше, манипулираше, а со тек на време започна и физичкото насилство врз мене. Бев тепан од жена – но никој не сака да зборува за тоа, особено кога мажот е жртва“, раскажа Дарко во подкастот.

Тој откри и потресни детали за нејзиното потекло: нејзината мајка имала 12 деца, неколку од нив зависници уште од детство.

„Тоа не беше живот. Тоа беше хорор. Живеев со личност што ме уништуваше секој ден – ментално, емоционално и физички“, вели тој.

Дарко успеал да ја напушти таа токсична средина и денес зборува отворено за своето искуство, со надеж дека ќе охрабри и други мажи кои се соочуваат со семејно насилство – да не молчат. Целиот Поткаст може да го погледнете тука.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...

МПЦ-ОА основа фирма за бизнис со струја со австралиски и црковен капитал.

Централниот регистар го запиша новото трговско друштво „КОНСТАНТИН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје“, чија примарна дејност ќе биде производство на електрична енергија од обновливи извори, објави...

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...

Китески: Советот на СДСМ Охрид – без трошка срам, против 13 проекти важни за граѓаните, која една од нив е и катната гаража.

Александар Китески, секретар на Општина Охрид: Денес опозицијата во Советот на општина Охрид, предводена од СДС, на седницата за ребаланс на буџетот на општината, без...