Централниот регистар го запиша новото трговско друштво „КОНСТАНТИН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје“, чија примарна дејност ќе биде производство на електрична енергија од обновливи извори, објави Призма.
Друштвото е основано на 27 јуни 2025 година, а регистрацијата е одобрена на 4 август. Седиштето се наоѓа на улицата „Гане Тодоровски“ во центарот на Скопје.
Како сопственици се јавуваат две различни субјекти:„ПЕЛА ГЛОБАЛ ЛИМИТЕД“ од Перт, Австралија, Македонската православна црква – Охридска архиепископија – Скопје.
Во 2020 година МПЦ-ОА заедно со три физички лица и друштвото „Мелничко-пекарска индустрија Жито Караорман“, ја основаа хидроцентралата „Драгов дол“ од Кичево, Две години подоцна, во 2022, МПЦ-ОА влезе како содружник во фирмата „Тринити солар“, која исто така е регистрирана за производство на струја.