Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство Битола, доби наредба за претрес на три локации: службените простории на едно училиште, домот и автомобилот на пријавено лице.
Основниот суд во Битола ја прифати основаноста на барањето и издаде наредба за претрес со цел обезбедување предмети поврзани со кривичното дело. Претресите биле спроведени вчера, но до обвинителството сè уште не е доставено официјално писмено известување за евентуално пронајдени и одземени предмети.
Од ОЈО Битола информираат дека законската процедура за обезбедување наредба за претрес е целосно испочитувана и дека спроведувањето на наредбата е во надлежност на полицијата. Во конкретниот случај, обвинителството нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице.