Од денес започнуваат најубавите детски летни авантури!
140 ученици од основните училишта од Кисела Вода заминаа на седумдневно, целосно бесплатно летување во одморалиштето „Детски радости“ во Св. Стефан, Охрид.
За нивната безбедност и убаво поминато време ќе се грижат наставници, аниматори, рекреатори, како и доктор кој ќе внимава на нивното здравје.
Овој проект кој го започнавме е значаен чекор кон унапредување на квалитетот на животот на децата од социјално ранливи категории.
Станува збор за ученици од семејства кои примаат социјална помош, еднородителски семејства или семејства со ниски приходи и со оваа мерка им овозможуваме еднакви можности и радости какви што имаат и нивните врсници.
Продолжуваме со искрен ангажман за успешен развој на најмладите и континуирано подобрување на нивното секојдневие.
А за новата учебна година, повторно обезбедивме ранчиња и училишен прибор за сите првачиња, додека сите основци ќе добијат и бесплатни униформи.
Го продолжуваме и проектот за бесплатни часови по странски јазици, компјутерска технологија и спорт за децата од социјално ранливи категории.
Драги ученици, уживајте во летото, стекнувајте нови пријателства и спомени што ќе ве следат цел живот!
Фб статус на Орце Ѓорѓиевски