23.9 C
Ohrid
среда, август 20, 2025
ПочетнаМакедонијаЛоша вест за многу Македонци: Банкротираше Лајонес, неизвесна е судбината и на...

Лоша вест за многу Македонци: Банкротираше Лајонес, неизвесна е судбината и на Лајконет

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Банкротирана е фирмата „мајВорлд Интернешнл АГ“, која е сопственик и на фирмата „мајВорлд Македонија“. Управител на македонската мајВорлд е Радован Витошевиќ, кој до скоро беше и оперативен директор на „мајВорлд Интернешнл АГ“. Фактор се обиде да го контактира Витошевиќ, но тој не одговори на нашите повици.

<

Од Фактор побарале став и од Зоран Витанов, долгогодишен претставник и акционер во „Лајконет Аустриа ГмбХ“ која е сопственик и на „Лајконет Македонија“, а чија иднина сега е во прашање поради стечајот. Тој вели дека не може да зборува во името на „мајВорлд“, но ја потврдил информацијата за стечајот.

„Да, има активен стечај, меѓутоа myWorld. Јас не сум релевантен да зборувам за myWorld. Лајконет е маркетинг агенција која што е регистрирана само со една единствена намена – да има ексклузивно право по принцип на мрежен маркетинг да ја промовира myWorld. Но, се уште си функционира кешбекот. Бидејќи Лајконет има само еден клиент, а кој сега е под стечај, автоматски Лајконет престанува да функционира додека има активен стечај“, рече Витанов за Фактор.

Ианку фирмата „мајВорлд Македонија“ низ годините бележела раст на приходите, но големи осцилации во расходите. Во 2022 година, имале приходи од 2.46 милиони евра и расходи од 2,36 милиони евра, по што останала добивка од 66 илјади евра. Приходите во 2023 година биле безмалку 2,85 милиони евра, а расходите 2,56 милиони евра и оствариле трипати поголема добивка претходната година, односно 197 илјади евра. Лани, фирмата била со приходи од 3,06 милиони евра. Имале расходи од 2,98 милиони, а добивката била 45 илјади евра. Во неа, според последните достапни информации, има осуммина вработени. И покрај стечајот на фирмата сопственик, македонската компанија се уште функционира.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФОТО: Мицкоски запали свеќа за жртвите во трагедијата во Кочани

Премиерот Мицкоски по денешниот настан во компанијата „Амфенол" во Кочани отишол на гробиштата за да запали свеќа за жртвите во најголемата трагедија во историјата...

„Систина“ ќе го тужи Сашко Кедев ако не каже точно во која приватна болница се врши непотребно стентирање за профит

Приватната болница „Систина“ реагира откако професор доктор Сашко Кедев во емисија викендов кажа дека во приватни болници се вршат операции, отворање на граден кош...

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Димитар Спасов поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

МВР информира дека е поднесена кривична пријава за Димитар Спасов, поради убиството на 62-годишникот кого го усмрти во просториите на болницата „Бардовци“ во Скопје. „СВР...

Трамп: Сакам да и помогнам на Украина, за еден ден да одам во рајот !!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите лични мотиви за ангажманот околу Украина е „желбата да оди во рајот“. Изјавата предизвика бројни...