25.9 C
Ohrid
четврток, август 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанец се претставувал како Тошковски и како јавни обвинители за да бара...

Скопјанец се претставувал како Тошковски и како јавни обвинители за да бара поткуп – изнудил над милион денари!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

<

Пријавениот, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025, со намера да се стекне со противправна имотна корист, уверувал едно лице дека против него ќе биде поведена судска постапка доколку не исплати околу 1.500.000 денари.

Познавајќи го оштетеното лице од минатото, во повеќе наврати од различни телефонски броеви, претставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, преку пораки го контактирал осомничениот и ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него.

Оштетеното лице, во четири наврати на различни локации во Скопје, му ги дало на осомничениот побараните парични средства.

Јавниот обвинител донесе одлука да поведе истрага за изнуда, бидејќи од преземените дејствија на осомничениот произлегува дека тој користел сериозна закана да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. За ова дело е предвидена построга затворска казна која изнесува најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум. 4NEWS.mk

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Православните и муслиманите се обединуваат за да ги заштитат црквите во Ербеле и Горно Крчиште

Црквата во селото Ербеле се реставрира преку проект на Институтот за културно наследство. Фотографија: Сами Цури Во селата oбласта Поле помеѓу Маќеларе и Дебар има...

Што му кажаа родители на загинатите во пожарот во Кочани на Мицкоски?

Родителите на дел од загинатите деца во дискотеката „Пулс“, се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Кочани, беше да запали свеќи...

Ќе биде исполнета последната желба на убиениот прилепчанец Панчо Чупаркоски

Последната желба во овој андреналински спорт на нашиот ДРУГАР И ПРЕТСЕДАТЕЛ на клубот Панчо Чупаркоски беше да учествуваме на трката Блидиње во БОСНА. Во...

Управителот на Лајконет Македонија си поднесе оставка – илјадници Македонци во неизвесност!

Неизвесноста околу иднината на „Лајконет Македонија“ дополнително се продлабочува. Според решение на Централниот регистар, Радован Витошевиќ на 1 август годинава поднел писмена оставка од...