24.9 C
Ohrid
понеделник, август 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЕдна фирма регистрирала 12 портали за изборна кампања- Пријавиле сајт, па го...

Една фирма регистрирала 12 портали за изборна кампања- Пријавиле сајт, па го основале.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во регистарот на медиуми за изборно рекламирање на локалните избори 2025, освен телевизии, радиостаници и печатени медиуми, се најдоа и 245 интернет портали. Меѓу нив, како што покажа проверката на „Скопје1“, најмалку десетина портали воопшто не функционираат или никогаш не биле регистрирани како домени. За овие избори, „Скопје1“ дознава дека имало и случај каде една фирма регистрирала дури 12 портали преку кои сакала да рекламира избори, а најголем дел – непостоечки.

<

Од порталите „Мкд.мкд“, „Канал12.мк“, „Југоисток.мк“, „Инфовест.мк“, „Регион.мк“, „Мкзабава.мк“, „Сигмак.мк“, „Екобалнс.мк“, „Цуцкат.далее.мк“, „Онтаргет.мк“, „Нопресс.мк“, „Телетексти.мк“ — сите со „.мк“ домеин — се добива само порака „Сајтот не е достапен“. Националниот регистар потврдува дека тие домени не се ниту закупени, иако сопствениците ги пријавиле во Државната изборна комисија.

Покрај нив, има и новорегистрирани портали во последните месеци, како „Инфотренд.мк“ (декември 2024), „Гвгливе.мк“ (јануари 2025), „Мојотштип.мк“ (февруари 2025), „Нова12“ (мај 2025), „Фактидитор.мк“ (мај 2025), кој и денес е недостапен, како и „Алопресс.мк“ (јуни 2025).

Најинтересен пример е „Таргети.мк“ – пријавен во ДИК до крајниот рок на 12 август, но домеин закупен еден ден подоцна, на 13 август. И денес, наместо вести, страницата покажува само порака „Maintenance mode is on“. Исто така, „Информаторплус.мк“, иако е регистриран во февруари, сега дава порака „Account suspended“.

Меѓу пријавените за рекламирање е и порталот „Грамофони.ком“, на српски јазик, кој е специјализиран за музика, грамофони и плочи, и дури има дел со продажба на нови уреди.
Јавува: Скопје1

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен охриѓанец кој на малолетничка ѝ испраќал недолични содржини преку социјална мрежа

На 24.08.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51 годишно лице од Охрид. -Тој се сомничи дека од...

За две години во Словенија се запишале над 3 илјади студенти од Македонија, колку ќе заминат во октомври годинава?!

Не запира интересот, туку е се поголем кај младите од земјава за започнување на студии во Словенија. Според информации до кои дојде Денар, нешто...

Митко Јанчев доби Орден од Зеленски

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван од претседателот на Украина, Володомир Зеленски со Орден за заслуги, 3 степен по прославата на вчерашниот Ден...

Николоски: Следи набавка на 2 нови локомотиви и репарација на 11 постојани.

Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар – Кичево. За две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години после изборот...