Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денес оствари средба со активисти за заштита на животни, со цел да најде трајно решение за проблемот со бездомните животни во градот.
Верувам дека ова е прашање на цивилизациска зрелост – наместо привремени мерки, потребен е систем што ќе функционира 24 часа,“ истакна Шукова. Таа најави зголемување на капацитетот на стационарот „Лајка“ и воведување на постојана деноноќна служба, со цел грижата за животните да не зависи од работното време.
Покрај тоа, Шукова најави воспоставување на комунална полиција под капа на Град Скопје, која веднаш ќе реагира на терен и ќе санкционира несовесни сопственици и злоупотреби. „Само со контрола и доследна примена на законот можеме да имаме трајни резултати,“ подвлече таа.
Кандидатката за градоначалник нагласи дека ќе ги прифати најдобрите предлози од заедницата на љубителите на животни и заедно со институциите и граѓаните ќе создаде систем што ќе биде хуман, одговорен и ефикасен.