20.9 C
Ohrid
понеделник, август 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа две години во Словенија се запишале над 3 илјади студенти од...

За две години во Словенија се запишале над 3 илјади студенти од Македонија, колку ќе заминат во октомври годинава?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не запира интересот, туку е се поголем кај младите од земјава за започнување на студии во Словенија. Според информации до кои дојде Денар, нешто над 3000 студенти во последниве две години решиле студиите да ги завршат во оваа земја од Европската унија.

<

Одличните услови, програмата, професорскиот кадар и дипломата, која е признаена во западно европските држави, се главните адути за македонците да замнинат во Словенија на студии.

За полесна да им биде одлуката на македонците за студирање во Словенија, дел од факултетите нудат и бесплатни студии за македонските граѓани. На интернет може да се најдат сајтови преку кои може лесно да се аплицира и да се добие оваа поволност. И експертите ќе кажат дека нема ништо страшно, младите да се запишуваат и да студираат во странство, тоа може да донесе само бенефит на државата, но доколку тие млади луѓе се вратат во земјава и тука решат да го продолжат својот живот со знаење и пракса стекната во европска држава.

Тука се поставува прашањето како државата тоа да го стори и кои се механизми ќе и требаат за да им овожможи на младите услови за нивно професионално и секакво друго надградување. Загрижувачки е тоа што државата нема официјална статистика колку студенти во моментов имаме во странски земји кои решиле не во Македонија туку студиите да ги поминат надвор од земјава. Тоа што се знае е дека за последниве 15 години државата платила стипендии на околу 400 студенти да се запишат на еден од 100те најдобри универзитети низ светот.

Ставот на надлежните е дека се работи на подготовка на нов Закон за високо образование. Според новото решение, тој треба да обезбеди повеќе права и можности за професорите и студентите. Се разгледува и можноста за обезбедување загарантирано вработување за најдобрите студенти. Исто така, се подготвува и нов Закон за студентски стандард, кој има за цел да го подобри начинот на финансирање на студентските домови, начинот на доделување стипендии и да обезбеди повеќе можности за младите луѓе кои избираат да продолжат со академско образование.

Целта на владата е да ја стимулира науката и во таа насока е и онаа активност за обезбедување на бесплатен пристап на сите научници и млади, но и поискусни, на две бази на научни списанија. Премиерот потенцираше дека нашите универзитети имаат капацитет да се приближат напред кон првата илјадарка“ на Шангајската ранг-листа. Буџетот за науката е двојно зголемен оваа година споредено со минатата година.

И.П.
Denar.Mk

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Митко Јанчев доби Орден од Зеленски

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван од претседателот на Украина, Володомир Зеленски со Орден за заслуги, 3 степен по прославата на вчерашниот Ден...

Николоски: Следи набавка на 2 нови локомотиви и репарација на 11 постојани.

Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар – Кичево. За две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години после изборот...

Пецаков со порака до ракометарите: Продолжете да ја пишувате спортската историја на Охрид

Од мое лично име и во име на Општина Охрид упатувам најискрени честитки до целокупната екипа на ГРК Охрид за освоеното прво место на...

Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“...