13.9 C
Ohrid
недела, август 31, 2025
ПочетнаМакедонијаГ.г Стефан: Признавањето на МПЦ-ОА од Православната црква на Америка е доказ...

Г.г Стефан: Признавањето на МПЦ-ОА од Православната црква на Америка е доказ за братска љубов.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Православната црква на Америка е уште еден доказ за братската љубов и заедништвото меѓу православните цркви, изјави архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

<

Во интервју за весникот „Македонија“ од Торонто, тој најави дека на 2 септември во Вашингтон ќе служи заедничка литургија со поглаварот на Православната црква во Америка, митрополитот Тихон.

„Оваа одлука е уште едно сведоштво за убавината на братската љубов. Се надеваме дека и другите сестрински цркви кога ќе дојде времето ќе ја донесат истата одлука“, порача архиепископот.

Тој во моментов е во канонска посета на Американско-канадската епархија, по повод 60-годишнините од осветувањето на храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ во Охајо и „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Архиепископот Стефан на Македонците во дијаспората им порача редовно да ја посетуваат црквата, да се причестуваат, да ги поддржуваат своите општини и што почесто да ја посетуваат Македонија за децата и внуците да ја запознаат земјата на своите предци.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гром удри во гнездо од штрк кај селото Белчишта

При денешното невреме, гром удри и запали гнездо од штрк на електричен столб кај Белчишта.

МВР го реши проблемот: Бројот 192 повторно проработи

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој...

Полицаец во тешка состојба по пожарот кај СЦ „Борис Трајковски“, девет колеги на кислородна поддршка

Еден припадник на ПС Карпош се наоѓа во тешка здравствена состојба откако вчера вдишал голема количина чад за време на пожарот што избувна во...

МВР ги известува граѓаните: Бројот 192 не е активен поради технички причини.

Известување Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192. За било каква...