Бајач од Штип полнел вода со црево и ја нудел во Кочани како „света“
<
Свештеникот Димитар Арсовски од Кочани предупредува на таканаречена „бајачка измама“ откако било откриено дека бајач од Штип полнел обична вода со црево, а потоа им ја нудел на граѓаните како света.
„Верниците треба да бидат внимателни и да не подлегнуваат на вакви измами. Светата вода се осветува само во храмовите и од страна на свештеник“, порачува Арсовски.
Случајот предизвика реакции меѓу жителите на Кочани, кои апелираат на поголема свест и внимателност за да не бидат злоупотребени нивната доверба и вера.