17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти Јавното обвинителство.
<
Според обвинителството, момчето за време на семејна расправија влегло во спалната соба каде што се наоѓал неговиот татко и со остар предмет му нанело десет убодни рани во пределот на телото. На местото на настанот била и мајката, која успеала да го оттурне синот и веднаш повикала брза помош.
Повредениот маж бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му е извршен оперативен зафат, но неговата состојба и натаму е животозагрозувачка.