22.9 C
Ohrid
недела, септември 7, 2025
ПочетнаМакедонијаПуштен во употреба дел од автопатот Кичево – Охрид на делницата Климештани...

Пуштен во употреба дел од автопатот Кичево – Охрид на делницата Климештани – Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кај клучката кај аеродромот „Св. апостол Павле“ присуствуваше на пуштањето во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, на делницата Климештани – Охрид.

<

На настанот присуствуваа и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

Во своето обраќање, премиерот Мицкоски потсети дека заедно со Николоски и Трајановски минатиот месец извршиле увид на градежните активности долж трасата на автопатот, при што беше пуштен во употреба надвозникот на клучката кај селото Подмолје.

Тој истакна дека интензивно се работи на делови од трасата каде што има свлечишта, а истовремено се изработуваат и проекти за стабилизирање на земјиштето, што е од особено значење за завршување на целата траса.

– Станува збор за неколку километри кај селото Ботун, но и за деловите каде што се поврзува тунелот кај Пресека. Кај Кичево има десетина свлечишта, а овде шест, така што очекувам од есенва да се изведуваат теренски активности, со што целата секција од Кичево до Охрид ќе биде стабилизирана и безбедна – изјави Мицкоски, нагласувајќи задоволство од динамиката на работите.

Покрај на овој автопат, со несмалено темпо се работи и на уште три автопатски делници во земјава: Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола. Истовремено, во тек се јавни повици и тендерски процедури за изградба на делниците Блаце – Скопје и Букојчани – Кичево.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Пожарникар спасен од шлем, врел шербет се урнал врз него”

Најмалку пет до десет лица, меѓу кои пожарникари и цивили, се повредени во големиот пожар што од синоќа сè уште беснее во фабриката „Макпрогрес"...

Семејна трагедија во Скопје: 17-годишник со десет убоди го повредил татка си

17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти Јавното обвинителство. Според...

Гори фабриката на Макпрогрес, позната по брендот „Винчини“

Телевизија Кочани објави видео снимка од пожар во кругот на фабриката Макпрогрес, една од најпознатите компании во кондиторската индустрија во Македонија, позната по брендот...

Мицкоски утре повторно ќе пушти дел од автопатот Кичево-Охрид.

Службата за односи со јавност на Владата денеска инфоормира дека утре премиерот Христијан Мицкоски ќе пушти во употреба уште еден дел од автопатот Кичево-Охрид...