26.9 C
Ohrid
понеделник, септември 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПремиерот Мицкоски: Додека јас сум претседател на Владата, државата ќе биде сигурна

Премиерот Мицкоски: Додека јас сум претседател на Владата, државата ќе биде сигурна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Покрај темата за прислушувањето, премиерот Христијан Мицкоски во говорот од централната прослава за Денот на независноста се осврна и на предлогот на опозицијата за декларацијата што ќе ги содржи црвените линии за интегративниот процес на земјата.

<

Посочи дека е во исчекување на таквиот предлог од опозицијата, но и дека додека тој е на чело на Владата нема да дозволи игри со вакви прашања и оти државата ќе биде сигурна.

„Со радост го чекам тој предлог да видам каков ќе биде. Во исчекување сум, со нетрпение го чекам. Од иститите тие што прифатија декларација за непромена на името, па потоа го сменија, од оние што викаа дека нема ултиматуми, па го донесоа францускиот предлог, од оние што велеа ајде на референдум, па потоа не ги признаваа резултатите од него. Ајде да видиме какви се тие црвени линии, чија боја ќе биде побледа од најбелата боја, зашто не може во исто време да се зборува за црвени линии, а да се вели дека мора да се прифати се што е на маса, безусловно. Но, да бидете сигурни дека додека сум јас претседател на Владата, нема да има игри со вакви прашања. Државата ќе биде сигурна“, кажа Мицкоски.

Според него, приоритет на Владата се европските интеграции, но додаде оти тој пат не смее да биде срамен, туку достоинствен.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Татко и син со рекорден сом Стрежево за 8 Септември”

Денот на независноста со успешна семејна рибарска приказна! Татко и син, заедно на акумулација Стрежево, со капитален улов - сом од 35 кг Како што независноста...

„Пецаков: Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија“

‎Почитувани охриѓани и граѓани на Република Македонија. Нека ни е честит и вековит денот на независноста на нашата татковина. ‎ ‎На 8-ми Септември...

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица. Екипата на Порта Мк која даде...

Нови детали за малиот Петар кој мистериозно исчезна во Прилеп

Македонската јавност добро се сеќава на прилепчанецот Петар Џобески, тогаш десетгодишно момче, кое исчезна во селото Врпско каде неговите родители чувале пчели. Оттогаш поминаа три...