9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПовторно полициска акција: Во скопското село Крушопек затворен стриптиз бар, исто така...

Повторно полициска акција: Во скопското село Крушопек затворен стриптиз бар, исто така во центарот на Скопје прекината се големи журки во две познати кафулиња…

spot_imgspot_img

Во вчерашната акција на Пазарниот инпекторат затворени се пет објекти во Скопје – четири кафеани и една игротека. Меѓу затворените е и еден бар со стриптизети во скопското село Крушопек. Барот бил полн, воопшто не се почитувале протоколи и работно време, а згора на сè инспекторите начекале и неколку стриптизети кои ги забавувале гостите.

Угостителски  објект е затворен и во ТЦ „Мавровка“, а исто така казнета е и игротека каде се славело роденден со повеќе славеници.

„Тоа што синоќа го видовме на терен беше како воошто да нема пандемија“, вели директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пануновски.

ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ПРЕКИНА ГОЛЕМИ ЖУРКИ ВО ДВЕ ПОЗНАТИ СКОПСКИ КАФУЛИЊА

„Полни локали, млади луѓе безгрижно се забавуваат со гласна музика, играат и пејат. Во центарот на Скопје ги затворивме локалите ‘Интермецо‘ и ‘Три кичен‘. Казната е забрана за работа од 10 до 30 дена, парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава. Знаеме дека на многу места не се почитуваат протоколи и ако сега не сме интервенирале, ќе дојдат на ред и тие. Ние сме тука, не одиме никаде и постојано сме и ќе бидеме на терен“, вели директорот Пауновски.

Гостите кои биле начекани во кафулињата не се казнети бидејќи инспекторите за да можат навреме да делуваат, не ја чекале полицијата, туку влегле сами, без асистенција. Пазарниот инспекторат не може да изрекува казни на физички лица, туку само на правното лице и да го затвори објектот. Гостите може да ги казни само полицијата по основ непочитување на ковид протоколи, но во вчерашната акција полиција немало.

Според ковид протоколите за работа на угостителските објекти, забрането е да се прават забави, да има жива музика и да се пушта гласна музика. Забрането е стоење на шанк и на високи маси (коњопои), на маса може да седат само по 4 лица и треба да се одалечени на 1,5 метар. Но, состојбата низ локалите изминатиот месец е сосема друга, никаде не се почитуваат протоколи и се прават забави.

Вчера во земјава беа регистрирани 1.031 случаи на ковид-19, а починаа 20 лица. Во моментов активни се 11.641 случаи.

сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...