„Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина“, соопштија од Скопската зоолошка градина. Оттаму наведуваат дека животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.
<
„Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.
Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.