Поддршка за младите претприемачи во Дебрца!
Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца ветува дека ќе им даде силна поддршка на сите кои ќе сакаат да отворат сопствен бизнис.
<
„Како локална самоуправа, подготвени сме, доколку е потребно, да обезбедиме и простор за нивните деловни идеи. Нашата цел е јасна – да ги задржиме младите и вредни луѓе во Дебрца и да создадеме услови тие својата иднина да ја гледаат токму овде,“ порача кандидатот Љупчо Паункоски.