26.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаЈа тепал, ѝ ја запалил колата, барала помош- Страшни детали за убиената...

Ја тепал, ѝ ја запалил колата, барала помош- Страшни детали за убиената велешанка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не стивнуваат реакциите по двојното убиство и самоубиство во Велес, настан што ја вознемири македонската јавност.

<

Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет вчера ја усмртил својата 31 годишна поранешна партнерка од Велес, потоа го убил и нејзиниот татко, по што се самоубил.

Според информациите кои ги изнесе Министерството за внатрешни работи (МВР), убиени се 31-годишна жена и нејзиниот 68-годишен татко. Изнесувајќи детали за настанот, од МВР наведуваат дека Р. К. (31) со повреди од остар предмет била пронајдена на улица „Кочо Рацин“ во Велес и со возило на Итната медицинска помош била пренесена во велешката болница каде што е констатирана смрт.

„Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко ѝ К. К. (68), кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот, со повреди од остар предмет е пронајден и И. С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р. К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, наведуваат од МВР.

За настанот се огласи и инфлуенсерката Ина Многуфина.

„Росица (31) барала помош. Барала помош кога ја тепал, барала помош кога и се заканувал, барала помош кога и ја запалил колата, барала помош кога видела дека не и помага никој и се плашела дека ќе ја убие. Ја убил. И нејзе и татко и. И сега ќе тече истрагата по кој редослед и како. Истрагата може да почне од тоа кој не постапувал? СВР Велес, ЈО, не знам, некој не постапувал. Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме, кого плаќаме за помош, а не помага? Зошто институциите не и помогнале на Росица по толку молење за помош? Некој мора да понесе одговорност, Росица и татко и немаат само еден убиец. Со години збориме дека не се постапува, дека треба законот да се смени, ништо. Звук од штурчиња и ветерче во позадина. Кој дозволи убиецот да е на слобода по толку пријави? Кој?“, напиша таа.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...

Ова се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

Двојно убиство и самоубиство извршено со остар предмет во семејна куќа во Велес ја потресе јавноста денес. Според полицијата, маж од Скопје денеска ги...

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...