24.9 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаТопло пиво чини 50, а ладно 53 денари – скопјани плаќаат и...

Топло пиво чини 50, а ладно 53 денари – скопјани плаќаат и за ладењето на пијалаците во продавниците.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Иако претходно се жалеа на високите сметки за струја поради фрижидерите, сепак, голем дел од сопствениците на колонијали и на продавници ширум Скопје изнајдоа начин како на потрошувачите да им продаваат ладни пијалаци во текот на летото.

<

Не, тие не измислија „топла вода“, туку само почнаа да ја наплаќаат работата на фрижидерите во кои се ладат флашите со вода, сок, пиво…

Па така, ако цената на полалитарско пиво во стаклена амбалажа чини 50 денари, тогаш за истото тоа пиво ќе платите 3 денари повеќе ако сакате да го земете директно од фрижидер.

Не дека ќе заработиме нешто плус, ама колку да не бидеме премногу во зијан. Топлите пијалаци ги чуваме во магацинчето веднаш зад касата и тие се продаваат по стандардната цена. Но, доколку сакате да пиете ладно пиво директно од фрижидер, тогаш услугата за ладење почнавме да ја наплаќаме 3 денари. Едно топло пиво чини 50 денари, а едно ладно пиво чини 53 денари. Не гледавме друго решение. Цената на струјата е превисока, а ние сме мало локално колонијалче кое месечно плаќа над 2.000 евра за електрична енергија. Фрижидерите многу влечат струја. Некои муштерии се лутат зошто им наплаќаме за ладење на пијалаците, ама ако се лутат тогаш нека пијат топло пиво – вели сопственик на продавница во скопско Волково.

Денар и претходно пишуваше за ваквиот проблем со кој се соочуваат скопјани поради тоа што сопствениците на колонијали сакаат да заштедат на електрична енергија.

Минатиот месец објавивме за 28-годишната трудница Симона која поминала неколку продавници во Влае за да си купи шише со вода, но во ниту една продавница не работеле фрижидерите.

За ваквиот феномен на штедење е информирана и Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) од каде што ги охрабруваат граѓаните да ги упатуваат своите поплаки до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која е задолжена за контрола на безбедноста на храната и пијалаците.

Оттаму објаснуваат дека трговците имаат законски обврски за чување на пијалаците во одредени услови и на соодветна температура. Како што појаснуваат, точно се знае која храна или пијалак на колку степени треба да се чува, а во спротивно, предвидени се казни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мвр го откри сторителот кој со јаже го имаше врзано сопственото дете !!

Кривична пријава за насилство врз дете против маж од струмичко, насилно се однесувал кон 11-годишната ќерка Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица...

Весна Петрушевска остро им возврати на сите кои ја нападнаа за аферата со Бранко Црвенковски.

Откако сподели дека во младоста имала афера со Бранко Црвенковски додека тој бил женет, Весна Петрушевска стана мета на бројни коментари. Популарната актерка не...

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка. Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на...

Стојанче: Наместо дронови, на тие што седат пред продавниците во селата, да им дадеме по едно пиво, и да ни кажуваат каде гори !!!

Со пиво пред кооперација наместо со дронови од воздух. Стојанче Ангелов за рана детекција на пожари. Ангелов е директор на Дирекцијата за заштита и...