13.8 C
Ohrid
недела, септември 7, 2025
ПочетнаМакедонијаОхриѓанецот Горан Андреески со нов ритам - конгите ја освојуваат клубската сцена

Охриѓанецот Горан Андреески со нов ритам – конгите ја освојуваат клубската сцена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Охридскиот музичар Горан Андреески, кој со години важи за еден од најдобрите тапанари во Македонија, денес е сè поактуелен како ново музичко лице.


Наместо класичниот сет на тапани, Андреески настапува во ноќните клубови тропајќи на конги, создавајќи препознатлив ритам и атмосфера која ја освојува публиката.

<

Покрај настапите, тој неодамна почна да објавува и кратки рилчиња на социјалните мрежи, преку кои ја прикажува својата виртуозност и енергија на сцената. За видео проектите е задолжен охридскиот шоумен Вик Какаротски, кој се грижи сè да изгледа професионално и визуелно впечатливо.

„Со конгите пронајдов нов начин да ја споделам музиката со луѓето. Секој настап е различен, бидејќи ритамот секогаш носи нова енергија.

Ми е драго што публиката тоа го препознава и што преку рилчињата можам да ја приближам атмосферата и до оние што не се таму во живо,“ вели Андреески.

Оваа година, на Велики Петок, тој ја промовираше и својата прва инструментална композиција „Воскресение Христово Пасха“, посветена на Христовото Воскресение, како дел од проектот „Желба“. Со тоа потврди дека неговата музика умее да ги обедини и духовното и современото, оставајќи силен впечаток и на сцената и кај публиката.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејна трагедија во Скопје: 17-годишник со десет убоди го повредил татка си

17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти Јавното обвинителство. Според...

Гори фабриката на Макпрогрес, позната по брендот „Винчини“

Телевизија Кочани објави видео снимка од пожар во кругот на фабриката Макпрогрес, една од најпознатите компании во кондиторската индустрија во Македонија, позната по брендот...

Мицкоски утре повторно ќе пушти дел од автопатот Кичево-Охрид.

Службата за односи со јавност на Владата денеска инфоормира дека утре премиерот Христијан Мицкоски ќе пушти во употреба уште еден дел од автопатот Кичево-Охрид...

Сообраќајка меѓу трактор и мотоцикл во Валандово – мотоциклистот им подлегна на повредите

Вчера (05.09.2025) околу 14:00 часот во ОВР Валандово, било пријавено дека на регионалниот пат од с.Јосифово кон с. Пирава, кај место викано „Железен мост“,...