25.9 C
Ohrid
четврток, септември 4, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во...

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 со 15.000 војници.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за време на вчерашниот говор во Чаир, зборувал за наводите што ги измислуваат, како што вели, дел од политичарите и нивните политики дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија. Ахмети нагласил дека ако Албанците сакале да ја поделат Македонија, тоа ќе го направеле со петнаесет илјади вооружени војници, објави 4NEWS.mk

<

-Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни, рекол Ахмети, објавија дел од медиумите на албански јазик во земјава.

Ахмети исто така информира дека синоќа на партискиот настан во Чаир, заедно со кандидатите за градоначалници, Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, го потпишале т.н. „Закон за Чаир“, со што, како што вели, го запечатиле најголемото национално единство од 2001 година.

-Сите се обединети, како и порано, за да го вратат достоинството, да ја вратат честа, да ги заштитат достигнувањата. Тогаш борбата беше да се добие еднаквост, денес е да се заштити. Заедно да се стави крај на дискриминацијата, понижувањето, лошото управување. Сенародното движење на отпор и надеж станува сè посилно и поинклузивно секој ден! Сите на нозе, подготвени за октомврискиот референдум, порачал Ахмети од скопската општина.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија земја на чудата: Кандидат за градоначалник се појави со маска од диносаурус.

Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа „Независни заедно“, проф. Горан...

Груевски побегнал во Унгарија со автомобилот на Ахмети? Вреди ќе објавува докази за средбата на Османи со експремиерот во Будимпешта

Груевски побегнал во Унгарија со автомобилот на Ахмети? Вреди ќе објавува докази за средбата на Османи со експремиерот во Будимпешта Бујар Османи се сретнал со...

Тони Зен со концерт во КПД Идризово – музика и надеж за осудениците

На 2 септември 2025 година, во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Идризово, се одржа уникатен музички настан. Пред осудениците настапи еден од најпознатите балкански хип-хоп артисти,...

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство по скандалозните тврдења на...