8.3 C
Ohrid
сабота, март 22, 2025
ПочетнаМакедонијаУбиени мечка и две мали мечиња во НП „Маврово“

Убиени мечка и две мали мечиња во НП „Маврово“

spot_img

Во близина на селото Жировница, изутрината ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронашла отстрелани мечка со две мали мечиња. Случајот е пријавен до сите надлежни институции, кои во моментов се на терен.

<

Случајот на денешната прес конференција го објави директорот на Државниот инспекторат за заштита на животна средина Сретен Стојковски.
Од ДИЖС информираа дека на терен е виш инспектор, и заедно со колегите од Агенцијата за храна и ветеринарство и останатите надлежни инспекторати работат на утврдување на причините за смртта на мечките.

Националниот парк „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка, животно под трајна заштита на државата и не смее да се лови.

Неодамна жителите на Галичник јавно се пожалија дека мечки слободно шетаат по селото и побараа интервенција од државата, стравувајќи за животот на луѓето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Младиот херој Јован Костадинов е во добра состојба, за неколку дена ќе биде пуштен од болница

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да спаси повеќе од 20...

Состојбата се подобрува, Панчо ДНК е вон животна опасност.

По многуте шпекулации околу здравствената состојба на Владимир Блажев - Панчо од ДНК, кој беше меѓу повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,...

Општина Струга најави инспекциски надзори во сите локали

Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински...

Утре во Солун на плоштадот Аристотел, молк за жртвите во пожарот во Кочани

Утре, сабота, во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани....