Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешното интервју за МИА, одгварајќи на прашање за системот „Безбеден град“, којшто треба да почне на 1 јануари следната година, рече дека е недоозволив годишн во Македнија да починат 142 лица во сообраќајни несреќи.
Верувајте ми, да го имплементирале моите претходници „Сејф сити“ досега, јас ви гарантирам дека немало да бидеме на ова ниско ниво на коешто сме. А многу одамна е отпочнато со работење на овој проект. Но, тоа е што е.
Оставено е на нас сега да го имплементираме како проект и ќе го имплементираме. Зошто? Заради тоа што, кога говориме за бројка од 142 жртви, како последица на сообраќајни незгоди во Македонија за 2024 година, навистина верувајте ми, поразително е чувството вие да сте министер за внатрешни работи, а при тоа да имате 142 жртви за една година како последица на сообраќајни незгоди. Многу пати во јавноста, одредени недобронамерници, се обидуваат да наметнуваат одредени тези коишто не се во интерес на имплементирање на „Сејф сити“ како проект, и не се во интерес на креирање на сообраќајна култура.
Но, поразително е Македонија да има бројки помеѓу 75 и 80 жртви по милион жители во периодот за една година, а при тоа во скандинавските земји да имаме бројки кои покажуваат околу 30 жртви годишно. Значи ние имаме некаде околу 40 до 50 повеќе смртни случаи на милион жители, отколку во скандинавските земји. И навистина е поразително да се обиде да се манипулира јавноста со тоа дека државата сакала да го зголеми буџетот, па немала што да прави, ќе ги казнувала граѓаните за сообраќајни прекршоци.
Не, целта на државата не е да го зголеми буџетот преку сообраќајни прекршоци со имплементирање на „Сејф сити“ проектот. Целта на државата не е само да ги казнува оние коишто дивеат по улиците. Целта на државата е да спаси макар еден човечки живот повеќе од она коешто сме го имале претходно како смртни случаи, како последица на непочитување на сообраќајни правила. Верувајте ми, овие 142 жртви, сите до една, се последица на непочитување на сообраќајните правила.
Потребни ли сè уште законски измени за да може од 1 јануари да се применува „Безбеден град“?
Да, значи, ова е пакет на закони, шест закони мислам дека се поврзани со промената на потребната законска легислатива и понатаму правилници коишто дополнително ќе треба да ги измениме. Во рамки на собраниска процедура е влезен Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така во процедура е влезен Закон за прекршоци, којшто директно е поврзан со имплементација на „Безбеден град“ и во иднина безбедна држава. Понатаму ќе следат Кривичниот законик, Законот за извршување на санкции, Законот за возила веќе е променат во однос на сето она којашто требаше да биде поврзана со Сејф сити, така што имаме еден пакет на закони коишто е потребно да се променат и идејата на Министерството за внатрешни работи и целта е, заедно со оние теренски активности коишто се преземаат и законските измени коишто ќе се извршат, отпочнување на овој проект да биде 1.1. 2026 година. Зошто 1.1. 2026 година? Од 1.1. 2025 година, со измената на Правилникот во однос на регистрирање на моторни возила, се отпочна со процес на собирање на сите потребни податоци и информации коишто се поврзани со сопственикот на возилото. Така што, формално правно, можеме да отпочнеме со имплементирање од 1.1.2026. година, со тоа што запознаени се добра граѓаните дека овој систем ќе функционира во комуникација со граѓаните преку нивните мобилни телефони, односно преку испраќање на порака на нивните мобилни телефони на телефонскиот број којшто го оставиле во Министерството за внатрешни работи. Се надевам дека најдоцна до 1.12.2025 година ќе отпочнеме со активна примена на овој Сејф Сити систем. Со тоа што наредните вие триесет дена би ги искористиле за информирање на граѓаните дека на конкретна сообраќајница сториле конкретен сообраќаен прекршок, се цел да ги подготвиме, да има еден месец да ги подготвиме, да има како еден почетен пробен тест период, сè додека не стапат во сила официјално измените на сите оние законски прописи.
Уште еден проблем кој се создава во сообраќајот е проблемот со несоодветно возење на електричните тротинети. Дали има простор за поинакво делување на МВР?
Сега, пред да влезам кај вас во овие простори, само што не ме згази еден возач на електричен тротинет. Мислам дека беа дечиња, две малолетни лица на тротинет. Прво не смеат две лица да се возат на тротинет, ниту согласно сегашната регулатива.