21.9 C
Ohrid
сабота, септември 6, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина Илинденка Петрушева - истражувач на историјата на македонската кинематографија и филмски...

Почина Илинденка Петрушева – истражувач на историјата на македонската кинематографија и филмски критичар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По кратко боледување вчера почина Илинденка Петрушева, филмски критичар, истражувач на историјата на македонската кинематографија, публицист и одговорен уредник на единственото филмско списание „Кинопис“. Петрушева долги години беше раководител во Одделението за истражувачка, издавачка, јавна, меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма во Кинотека на Македонија.

<

Оттаму денеска изразија длабоко жалење и сочувство до семејството посочувајќи дека Кинотека на Македонија загубила искрен пријател и неуморен работник, вистински вљубеник во филмската уметност, а Република С. Македонија исклучително голем културен деец.

Петрушева беше родена на 4 август 1944 година во Пиринска Македонија, во Горна Џумаја, денешен Благоевград, во семејството на Кирил Петрушев, прв министер за внатрешни работи на Народна Република Македонија. По ослободувањето на Скопје, на четиримесечна возраст е донесена во Скопје каде се школува во гимназијата „Јосип Броз – Тито“ и во десетгодишното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“. Дипломира на Филозофскиот факултет во Загреб, на катедрата по етнологија, каде изучува и италијански и шпански јазик и факултативно историја и теорија на филм.

Професионалните работни ангажмани ги започнува како советник за култура во Скопската организација на младите (1969-1972), а со отворањето на Домот на младите „25 мај“ во 1972 година (денес Младински културен центар) во првата редакциска постава е избрана за уредник за филм, музика и литература (подоцна само за филм). Во 1974 година е еден од основачите на Кинотеката на Македонија. Член е на привремениот извршен орган заедно со Ацо Петровски и Предраг Пенушлиски, каде стапува во редовен работен однос во почетокот на 1977 година и останува сѐ до пензионирањето во 2009 година. На 23 јануари 1998 година е избрана во звање советник филмолог.

Во 1979 година е еден од иницијаторите за формирање на Кинотеката на Хрватска. Учесник е, член на Советот и еден од организаторите во востановувањето на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола во 1979 година и активно учествува во неговата реализација сѐ до 1995 година. Во повеќе мандати е претседател на Киносојузот на Македонија (асоцијација на филмските аматери) каде последниот мандат го „одработува“ со приемот на Киносојузот за полноправен член во УНИКА (Меѓународната унија на аматерскиот филм) во 1996 година.

Во периодот 1977-1979 година е генерален секретар на Сојузот на филмските критичари на Југославија. Во седумдесеттите, осумдесеттите и во првата половина на деведесеттите години на минатиот век е член на Друштвото на филмските работници на Македонија (секција на филмски критичари) и во истиот период е член и на ФИПРЕСЦИ (Меѓународна асоцијација на филмски критичари). Била член на жирија на бројни домашни и странски филмски фестивали (Пула, Белград, Москва, Ташкент и многу други). Во повеќе мандати е член на Претседателството на Културно-просветната заедница на Скопје (денес Дирекција за култура), на Самоуправната заедница за култура на град Скопје и на Македонија, на Републичката комисија за преглед на филмови, како и член на советодавниот Комитет за култура и уметност на Институтот „Отворено општество на Македонија“. Од 1999 до 2001 е советник на министерот за култура на Република Македонија, а во 2007-2008 е член на Советот за култура при ресорното министерство.

Во текот на својот работен век, Петрушева својот креативен ангажман го насочува кон неколку кинематографски сегменти – историографски истражувања на македонската кинематографија, развој на филмската култура – интензивно занимавање со филмска критика, осмислување и реализирање на други форми/програми на филмската култура и развој на филмскиот аматеризам и востановување на филмското воспитување во наставниот процес.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: За малку ќе бев прегазен од деца со електричен тротинет

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешното интервју за МИА, одгварајќи на прашање за системот „Безбеден град“, којшто треба да почне на 1...

Штекли открива: „Во минатиот живот бев желка!”

Судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска се најде пред клучна дилема: дали тој е ментално способен да учествува во...

Маж од Куманово пријавил во полиција дека го демне непозната жена !!!

Педесет и тригодишна жителка на Куманово доби кривична пријава под сомнение дека следела и фотографила друго лице. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.В.(53) од...

Драги Рашкоски фатен со кеш пари на граница

Во моментот е задржан на граничниот премин Ново Село, а разликата над дозволениот износ е конфискуван. Македонската царина при претрес на возилото го фатила екс...