21.9 C
Ohrid
четврток, септември 11, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го...

Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека нема да се повтори случајот во кој на промоцијата на новите таблички на службените возила вицепремиерот Арбен Фетаи во изјава за медиумите зборуваше само на албански јазик, без да има превод. Мицкоски денеска рече дека со Фетаи комуницираат само на англиски затоа што се иселил од државава на шест години, но оти во изминатите 15 месеци се труди да го научи македонскиот јазик.

<

Мицкоски денеска на новинарско прашање какви постапки ќе преземе се извини во свое име и рече оти е убеден дека и Фетаи ќе го стори истото.

Оцени дека на Фетаи „не му е таа намера како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста бидејќи се труди да го учи и зборува македонскиот јазик“, како и дека „единствената грешка е што немало преведувач во ситауција кога некој се одлучил да се обраќа само на албански јазик“.

– Имам исклучително квалитетна комуникација со потпретседателот на Влада на англиски јазик. Зошто? Затоа што тој од својата шеста година е отселен од Македонија и живее во Белгија и говори течно четири јазици, француски, холандски, англиски, итн. Нашата комуникација се одвива на ангиски јазик. Тој има исклучително квалитетна биографија зад себе. Школуван е на врвни универзитети. Знам дека не му е таа намерата како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста бидејќи се обидува, се труди да го учи и зборува македонскиот јазик и знам изминатите 15 месеци коку енергија вложува во тоа. Единствената грешка во случајот е ако одлучи некој да се обраќа на албански јазик да си носи со себе преведувач. Јас во мое име се извинувам на новинарите и убеден сум бидејќи веќе разговаравме со потпретседателот, дека тој ќе го стори истото и таа грешка нема да се случи повеќе во иднина, изјави Мицкоски, кој беше во посета на ГОБ „8 Септември“.

МИА

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Владата после изборите ќе се зафати со трајно решевање на проблемите со депониите

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спарување, Стојанче Ангелов ќе побара од надлежните институции да се направат дополнителни испитување на составот на отпадните...

Еди Рама ја претстави министерката „Диела” создадена од вештачка интелигенција

Премиерот Еди Рама ја започна презентацијата на новата влада за четврти мандат. Рама ја претстави првата министерка во историјата создадена со вештачка интелигенција, наречена...

Паункоски и Тороманоски во Слатино: Почит кон свети Јован и селската слава.

Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Љупчо Паункоски, заедно со носителот на советничката листа, Даниел Тороманоски, присуствуваа во селото Слатино, во манастирот „Св. Јован“,...

„Трагедија во Кавадарци: Работник од Кина удрен од кран почина на лице место

На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен...