8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПОУЧНО: Се што не сте знаеле за домашната слава и за имендените

ПОУЧНО: Се што не сте знаеле за домашната слава и за имендените

С Л А В А – К Р С Н О И М Е – И М Е Н Д Е Н

Славата – крсното име – именденот е начин на прославување на светиите.

Треба секогаш, но барем тогаш да се сеќаваме на светителот, којшто е наш семеен и домашен заштитник, покровител и застапник пред Бога. Тој е наш посредник до Бога.

Црквата ги празнува умрендените на светиите. Празниците се на денот кога тие се упокоиле во Господа, а не кога се родени. Денот кога го напуштиле овој живот, а не кога дошле на овој свет. Зошто? Затоа што умренденот е раѓање за вечноста, за вечниот живот. Гробот е врата низ која минуваме од времениов во вечниот живот. Затоа умренденот е роденден за светиите. (Православната црква прославува само три родендени, на три личности: Господ Исус Христос, Богородица и свети Јован Крстител).

Затоа велиме дека тие се живи и ги прославуваме како живи, им се обраќаме, им се молиме, тие ни помагаат, чудотворат и живо дејствуваат и во нивниот духовен свет, но и во нашиот овоземен, материјален свет.

КАКО СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ПРАЗНИКОТ НА СВЕТИТЕЛОТ ЗАКРИЛНИК? СО ШТО ГО ПРОСЛАВУВАМЕ?

Пред се со праведен и вистински живот! Ако нив ги слушаме, се угледуваме на нив и ги следиме во добро!

КАКО И СО ШТО ДЕТЕТО ГИ ПРОСЛАВУВА РОДИТЕЛИТЕ?

Нели со послушност, чесност, работливост, успешност, со многу љубов и почит и тн? И обратно: место да ги прославува, тоа ги посрамува, доколку не го красат добродетелите, туку пороците, па тоа е: нечесно, лошо, непослушно, мрзливо, без почит, со кавги и расправии, со крадење, лажење и сл.

Така се претставуваме и ние во нашиот однос кон светиите.

Значи нашиот светител – чија слава славиме или име носиме и го чествуваме, најпрво треба да го следиме во светоста и во доброто. Со тоа ние него ќе го прославиме, а потоа и со подготовката за гостите, со обредите, веселбите и сл. Но никако и со пијанство и со гревови.

ДАЛИ ПРАЗНИКОТ – СЛАВАТА ИЛИ ИМЕНДЕНОТ Е ЦРКОВНО ПРОСЛАВУВАЊЕ НА БОГА? КАКО?

Свети апостол Павле вели дека и секое христијанско семејство е „домашна црква“(види: Рим. 16, 19). Тое е заедница на верата во Бога. А на славата, ние се собираме повеќе луѓе во чест на светителот и празникот, та правиме поголема и помногубројна од семејната заедница – значи претставуваме Црква, во името на Бога и на светителот.

Оттаму празнуваат и еснафските слави, земајќи свој празник сите што се од една професија. На пример: цариниците – свети Матеј; месарите – свети архангел Михаил; просветарите – свети Климент Охридски; лекарите – свети Наум Охридски и свети Пантелејмон и сл.

ШТО ПРЕТСТАВУВА СЛАВАТА – КРСНОТО ИМЕ И ИМЕНДЕНОТ?

– Израз на побожноста кај нашиот народ;
– Тоа е молитвено прославување на еден светител, како личен заштитник или заштитник на семејството и семеен молитвен застапник пред Бога;
– На славата поревносно и помолитвено го пославуваме и величаме светителот;
– Славата ги собира и соединува луѓето во братска заедница – во Црквата, бидејќи и Црквата е заедница;
– Семејството е Црква во мало, а на славата – домашниот празник или именденот, сите роднини и пријатели се во заедница – претставувајќи Црква;
– Тоа е молитвена средба и заедница на љубовта;
– Празник: манастирски, црковен (храмовен), селски, домашен.

П О Т Е К Л О НА СЛАВАТА – КРСНОТО ИМЕ ИЛИ ИМЕНДЕНОТ.Резултат со слика за слава гости

Првиот запис е до 1018 година од градот Девол, јужно од Охрид. Војводата Ивец го одбележувал домашниот празник – крсното име: Успение на Пресвета Богородица. Византискиот војвода Евстатиј му дошол на празникот и откако од домаќинот бил гостопримливо примен, тој се нагостил и на заминување лукаво го повикал домаќинот, насамо на разговор, при што го ослепел.

1) домашниот празник – пагански, претхристијански обичај, што Црквата го христијанизирала (така велат некои историчари и етнолози). Богот Лора бил и кај Словените и кај Илирите претставуван како натприроден чувар на домашното огниште.

2) домашниот празник е изворно – црковен израз на православната побожност, велат богословите и црковните учители.

Прославување на светителот на чиј празник се крстил нашиот прародител од семејството (фамилијата)?
Заедничката манастирска или црковна слава, постанала домашен празник.
Богослужбено тоа се совпаѓа, бидејќи она што се принесува како материјално одбележување на празникот во храмот и во домот, се сосема исти приноси: свеќа, празничен леб, вино, жито.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕЛЕЖИ ДОМАШНИОТ ПРАЗНИК (СЛАВА, КРСНО ИМЕ, ИМЕНДЕН)

-Тоа е пред сè духовен настан, којшто треба да се одбележи со израз на вера, надеж, љубов и молитва.

-Името „слава“ значи славење на Бога и прославување на светите Божји угодници, преку благодарење за добрините што ни ги дал Бог и за помошта од светиите, како и наша молитва за натамошно нивно застапништво за нас.

-Домашен празник (славата, крстено име или именден) не се одбележува само со богатото гоштевање, туку и со молитва, вера и со добри дела.

-Јадењето и пиењето не се грев, но прејадувањето и опивањето или прекумерното расфрлање се гревови.

Црквата го благословува она што е во разумни граници, а другото го забранува.

Господ Исус Христос со апостолите ја празнувал Пасха, Тајната Вечера и сл. Значи, и нашиот Спасител Христос одбележувал празници и со тоа ни дал пример и нам и ние да ги одбележуваме празниците.

Славата претставува служба на Бога и служба на светителот. Како? Со славата ние му служиме на светителот и на Бога. Му принесуваме молитва, добра мисла и желба, добродетели, милосрдие, добар благослов и збор со благопожелби. Со славата ние искажуваме молитвено почитување на Бога, на светиите, но и на ближниот. Тогаш правиме и молитвен и побожен разговор, којшто е како молитва и богослужба.

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПОЧНЕ СО ДОМАШЕН ПРАЗНИК?

Слава – домашен празник може да си земе секое новоформирано семејство.

Откако ќе се формира посебно семејство, кое живее самостојно, тоа треба да има и свој заштитник на семејството и домот – домашен празник (слава). Погрешно е мислењето дека децата не смеат да слават домашен празник додека се живи родителите, бидејќи тие не им ја предале славата. Тоа не е точно! Семејството е мала Црква, а и домашниот празник значи заедница со роднините, блиските и пријателите – како Црква Божја, па затоа и најмалата семејна заедница треба да има свој домашен празник. Доколку децата живеат заедно со родителите, тоа ќе го прават заедно со нив, а штом ќе се одвојат од нив, како нови домаќини, тие треба да си земат свој празник. Таткото и мајката, со родителската љубов, треба да им дадат благослов (да им дозволат) нивните деца да си одбележуваат домашен празник. Имено, ако тие живеат во друго место, сигурно не одат во иста црква со родителите, а тоа значи дека тие треба да земат и своја слава, како што имаат и друга црква (храм). За молитва се разбира, младите се должни да им ги кажат своите намери на родителите и земањето слава да биде со нивно знаење и родителски благослов. Впрочем, чедата треба на родителите да им кажуваат и за сите значајни работи што ги прават во животот и да се советуваат со своите родители. Тогаш ќе имаат благослов и успех за сите работи што ги прават!

ДАЛИ ЗА ПРАЗНИК ПОСВЕТЕН НА БЕСТЕЛЕСНИТЕ СИЛИ СЕ ПОДГОТВУВА ПЧЕНИЦА?

Погрешно е мислењето и практиката дека за Архангеловден и за Илинден не се подготвува пченица. Такамислениците велат дека пчени­цата е принос за покој на душата на светителот, а архангелите Михаил и Гаврил се бесмртни ангели и не умираат, а и свети Илија исто така не умрел, бидејќи жив се вознел на небесата. Според тоа, за „живите светии“ велат, тие, не се вади жито (пченица). Погрешно! Житото не се прави за душата на светителот, што го празнуваме, туку се принесува во слава Божја и во чест на светиот, а во молитвата јасно се вели: „во спомен на оние што починале во благочестива вера“ – значи, за нашите покојни роднини и блиски, та и тие да бидат учесници на нашата слава. Па, ете, пченицата се благословува и на најголемите Господови празници, на пример Духовден и сл. Зарем тогаш тоа се прави за нечија душа?!

Нема „живи“ и „мртви“ светии! Сите се живи! Истите луѓе, секогаш се живи пред Бога, оти Бог е Бог на живите, а не на мртвите.

slavaПОТРЕБНОСТИ

1) Свеќа – Симбол на светлината Божја, на Господ Исус Христос, Којшто рекол: „Јас сум светлината на светот“ (Јован 8, 12), светлина на спасението, светлина на животот.

2) Празничен леб (колач) – Го симболизира Господ Исус Христос, Којшто рекол: „Јас сум лебот на животот, кој јаде од Мене…“ Ја претставува Светата Причест – телото Христово: „Зеде леб, го благослови, го прекрши и им даде на Своите ученици и апостоли и рече: „Примите, јадете, ова е Моето тело.“ Се меси спроти празникот. Во пченичното брашно се тура богојавленска вода и света вода осветена на славата, сол квасец и обична вода, колку што треба. Додека кисне тестото, се замесува друго тесто со брашно и исклучиво ладна вода, месејќи го тврдо, па се расплеснува на дебелина од 2-3 милиметри. На него се ставаат пет мали печати од просфорникот за да се направи крст на колачот. Тие се оставаат покриени со најлон или крпа за да се пресушат, па се прават и други фигури: цветови, листови, гулаби, пченица, гроздови и сл. а ???? се прави и плетенка за цел празничен леб.

3) Вино – ја симболизира Крвта Христова. Света Причест: „И откако ја зеде чашата, ја благослови и рече: „Пијте од неа сите…“

4) Жито – Го симболизира воскресението и вечниот живот. Зрното умира, гние и воскреснува – расте во ново. Пченицата се треби и мие и се вари 10-ина минути. Потоа во добро затворен сад, се обвиткува со ќебе и се остава 6-7 часа, па се мие, се цеди и се остава на платно да се исуши. Се додава шеќер, ореви и суво грозје и се обликува во чинија. Врз неа се прави крст од бадеми, ореви и шеќер во прав.

ШТО СЕ ПРАВИ НА ПРАЗНИКОТ?

На празникот семејството оди в црква. Таму го носи празничниот леб, пченицата и црвеното вино за осветување, со список на членовите од семејството. По причестувањето, се осветува празничниот леб и се враќа дома.

ratomir slДома, пак, доколку така договориле со свештеникот, треба да има на масата наместено: икона на светителот, празничен леб, пченица, вино, свеќа, кандилце, кадилниче, нож и список од членовите на семејството. Кога доаѓа свештеникот, се пали свеќата (по можност од чист восок) и во кадилничето се става темјан. Семејството и присутните, крај свештеникот, свртени кон исток, заедно се молат. По осветувањето и прекршувањето на празничниот леб, започнува празнично почестување и служење на гостите.

Прво се послужува од пченицата. Секому му се понудува, а тој станува, се прекрстува и каснува од пченицата, честитајќи го празникот и изговарајќи благопожелби кон славениците.

Празичниот леб се сече на парчиња и се поставува на масата, за секој прво да земе од него, за потоа да се послужи од сè што е поставено за празникот.

Пишува: Проф. д-р. Ратомир Грозданоски

Пишува: Религија

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...