29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаСветНезадоволни демонстранти насилно и ја избричија главата на градоначалничката и ја полија...

Незадоволни демонстранти насилно и ја избричија главата на градоначалничката и ја полија со црвена боја

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Боливиската градоначалничка Патриша Арце беше јавно понижена од толпата демонстранти , кои и ја ишишаа косата и ја полија со црвена боја.

<

Градоначалничка на мал град во Боливија беше нападната од опозициските демонстранти кои ја влечкаа низ улиците боса, ја полија со црвена боја и насилно и ја исекоа косата.

Патриша Арце од владејачката партија Мас по неколку часа беше предадена на полицијата во градот Винто.

Ова е последен во низата насилни судири меѓу приврзаниците на владата и противниците , по контроверзните претседателски избори.

Најмалку три лица досега загинаа во протестите во главниот град Ла Паз.

Група антивладини демонстранти го блокираа мостот во Винто, мал град во провинцијата Кочабамба во централна Боливија, како дел од нивните секојдневни демонстрации по претседателските избори на 20-ти октомври.

Демонстрантите ја обвинија градоначалничката Арче дека е приврзаник на претседателот и дека е одговорна за насилството на полицијата , во кое се зборува дека имал двајца загинати демонстранти. Додека масата извикува „убиец, убиец“ маскирани мажи ја влечеа градоначалничката боса низ улиците до мостот. Таму, ја натераа да клекне , и ја исекле косата и ја обоиле во црвена боја. Портоа ја принудија да потпише писмо со оставка.

Арче на крајот била предадена на полицијата која ја однесе во локален здравствен центар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...