9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНаставничка од скопско основно училиште тргувала со човечки органи?

Наставничка од скопско основно училиште тргувала со човечки органи?

spot_imgspot_img

Наставничка по географија од едно скопско основно училиште самата во полиција се пријавила дека препродава органи, дека откопува гробови и дека преработува месо од починати во ќебапи. Ваква службена белешка надлежниот полициски службеник од единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција поднел во полициската станица во Чаир на 22ри, минатиот месец.Во службената белешка до која Press24 стигна преку свои извори во полицијата стои дека истиот ден, околу 10 часот наутро во полициската станица во Чаир дошла жена, чиј идентитет нема да го откриеме, но и е познат на редакцијата и почнала да зборува нелогични работи.

Од моја страна беше прашана за што сака да разговара при што истата појасни дека работи како наставник по географија и дека сака да појасни дека истата потекнува од индијанско племе од Невада и дека како мала е донесена од нејзиниот сегашен татко кој е човеколик мајмун и заедно со директорот на училиштето во кое што работи, кој исто така е човеколики мајмун се занимаваат со разни кривични дела (продавање на органи, откопување на мртви од гробишта и преработка на месото во ќебапчиња, организирање на атентати по нарачка и прикривање на лица кои се водат умрени а сеиви, за што наведе пример дека Тоше Проески го кријат во училиштето каде го претставуваат како … и работи како наставник по физичко.“ стои меѓу другото во записникот.

По ова, полицискиот службеник ја прашал наставничката која има близу 50 години дали е при здрава свест и дали има проблеми со здравјето по што таа појаснила дека Нема никакви проблеми со здравјето.По ова, надлежниот полициски службеник констатирал дека таа не пријавува кривични дела од неговата област на имотни деликти, го повикал сменоводителот и му го препуштил случајот.

 

Извор:Република.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...