19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаДодека мажите ги чупаат веѓите армијата ги отвори ширум вратите за жените.

Додека мажите ги чупаат веѓите армијата ги отвори ширум вратите за жените.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Несомнено е дека машката популација започна да се грижи за својот изглед, многу повеќе од порано, но никој не ни претпоставуваше дека од депилација на гради и нозе, ќе се префрлат и на средување на своите веѓи. Но додека мажите глумат жени армијата ги отвори ширум вратите за жените.

<

Надлежните сектори во Министерството за одбрана прават исклучителни чекори напред во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива. Се зголемува бројот на жените кои се пријавуваат за доброволно служење воен рок, има зголемен интерес за учество во Армијата како офицери, е заклучокот од денешната конференцијата организирана од Системот за контрола на малокалибарско и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (SEESAC), посветена на родовата еднаквост и родовата перспектива во одбраната.Резултат со слика за жени армија

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во обраќањето на конференцијата посочила дека зголемувањето на учеството на жени во армиските редови не се прави и не треба да се прави преку ноќ, туку треба силна работа и силна посветеност. За тоа дека овој проблем не е само на регионот, туку и пошироко, како што соопшти МО, таа посочила дека доказ се бројните невладини организации, бројните резолуции на Обединетите Нации, бројните здруженија на граѓани кои низ целиот свет се трудат да ги разбијат стереотипите.

– Од околу 6.700 припадници на Армијата, 635 се жени, односно околу 10 проценти, а од нив офицерки се 15 проценти, подофицерки 11 проценти, а професионални војнички само пет проценти, информирала министерката Шекеринска.

Таа додала дека фактот оти десет проценти во последната класа на граѓани на доброволно служење воен рок се девојки, покажува дека интересот за професијата се зголемува. Она што е најважно, истакнала министерката, е не само да ги привлечеме жените да бидат дел од војската, туку и да ги задржиме да ја градат тука својата кариера.

– Навистина правиме сè да ја направиме Армијата пријатна средина, конструктивна, отворена средина за работа на жените и да имаме што повеќе жени на високи позиции. Донесовме упатство за заштита од вознемирување на работно место, целосно во согласност со политиките на НАТО и програмата на ООН за жени, мир и безбедност. Со предложените измени на Законите за одбрана и за служба во Армијата, за прв пат родовата компонента треба да биде интегрирана во сите структури и е дел од политиките на Министерството. Оваа година за прв пат работиме на родова структура на Министерството и Армијата, со која се воведуваат родов советник на началникот на Генералштаб, родов советник на Министерството и родови претставници на сите пониски нивоа, истакнала Шекеринска.

Како што стои во соопштението, министерката за одбрана Шекеринска посочила оти клучната промена не е во фактот дека се превземаат овие чекори, туку дека оваа политика е реално прифатена и од Генералштабот, што овозможува таа да е одржлива на подолг рок.

Обуките за родова рамноправност и кршењето на бариерите во кариерното унапредување се дел од чекорите за целосна родова еднаквост, се подвлекува во соопштението. Во редовите на Армијата има три полковнички, а речиси во секоја мисија во Авганистан, во рамки на контингентот од Армијата има жени, исто како што во мисијата во Либан во моментов е претставничка на Армијата, а аѓутант на претседателот на државата е жена – полковничка, прва на таа позиција во историјата на државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...