3.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПравдата победи: Дедо Љубе ослободен нема да одговара за убиство на човекот...

Правдата победи: Дедо Љубе ослободен нема да одговара за убиство на човекот кој се изживувал врз него

Основниот суд во Куманово донесе ослободителна пресуда за Љубомир Митев (79) од Којково, на јавноста познат како дедо Љубе, кој за да ги заштити својот и животот на сопругата Царка пукаше во двајца натрапници во неговиот дом и уби еден од нив, дознава 24 Инфо.

Шест години траеше неговата битка да докаже дека не е виновен што кобната ноќ на 27 феврури 2013 година во неговата трошна куќа провалиле Зоран Златков и Борчо Иванов, кои во намера да ги ограбат со часови се изживувале врз двајцата старци.

Пред почетокот на судењето во април 2015 година јавноста бараше дедо Љубе да се ослободи сметајќи дека тој во самоодбрана го убил Златков и го ранил Иванов, кој по разбојништвото беше осуден на осум години затвор. Старецот беше овинет за три кривични дела-убиство, обид за убиство и за недозволено држење на оружје, но одбраната на дедо Љубе укажа на одредени пропусти во обвинението и Судот предметот го врати во истражна постапка. Сепак, и по повторната постапка Митев беше обвинет за убиство во миг, обид за убиство и недозволено држење на оружје, па новиот судски процес почна во јануари 2018 година. Во јуни годинава ОЈО Куманово го повлече обвинението за кривичното дело убиство во миг.

Според пресудата на судот, дедо Љубе е ослободен од обвинението за убиство во миг, а доби условна затворска казна од две години, која ќе се активира ако дедо Љубе во наредните четири години изврши било како кривично дело.

-Ова е страшна правна победа, сметаме дека правдата е задоволена. Ова може да биде школски пример во иднина во однос на делото нужна одбрана. Сега обвинителството е на потег, се надеваме дека нема да ја обжалат пресудата и дека дедо Љубе ќе може во мир и спокојство си ги поминува годините од староста.Како и да е, ние нема да ја обжалиме пресудата и како адвокатска канцеларија стоиме на располагање и понаму ако е потребно да се истера постапката и на повисоките судски инстанци. Најбитно е дека дедо Љубе е ослободен, изјави за 24 Инфо неговиот адвокат Христијан Георгиевски.

Извор: 24 Инфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...