-0.1 C
Ohrid
четврток, јануари 2, 2025
ПочетнаМакедонијаМалиот Јане Велковски во друштво на Дејвид Бекам

Малиот Јане Велковски во друштво на Дејвид Бекам

spot_img

Малиот македонски херој, Јане Велковски вечерва ќе се обрати на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк и ќе побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, во рамки на овогодишниот „Светски ден на детето“.

Денешниот ден малиот Jане вечно ќе го памети, откако се запозна со големата фудбласка ѕвезда Дејвид Бекам. Двајцата поразговараа, а Јане доби и автограм од англиската легенда.

Јане го прашал Бекам да го издвои омилениот гол во кариерата, а тој го одбрал голот од половина игралиште во дресот на Манчестер Јунајтед против Вимблдон.

Непокорниот Јане Велковски, кој страда од спинална мускулна атрофија и се движи со инвалидска количка, отворено зборува за незгасливата љубов кон фудбалот.

„Кога играм фудбал, јас заборавам на сè… Јас во мојата електромоторна количка можам да го водам тимот, можам да бидам капитен. Цела фамилија моја го сака фудбалот. Нешто јас што не можам да правам, или брат ми или татко ми или мајка ми ми помага. Тие ми даваат поддршка да го добијам лекот и да бидам фудбалер како Роналдо“, раскажуваше Јане.

Пред средбата со Бекам, Јане светот го запозна по фотографијата со Роналдо, а подоцна беше и на „Олд Трафорд“ на покана на големиот ас Пол Погба.

Пред денешниот свој говор, младото  момче рече:

„Многу сум возбуден, затоа што ова е огромен настан. Но, истовремено сум многу среќен затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот“.

Јане ќе учествува во интерактивниот дел во кој ќе бидат претставени деца застапници, ќе има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добра волја.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нашата Бојана Танеска Боеска за која се сплоти цела Македонија за жал ја загуби битката со подмолната болест.

Нашата Бојана Танеска Боеска, охриѓанката за која периодов наназад, граѓаните на Охрид, но и целата држава и светот донираа и организираа бројни акции за...

Убиецот Ацо Мартиновиќ кој изврши масакар во Цетиње е мртов

Осомничениот за убоствата во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, починал откако се самоубил, неофицијално дознава „Вијести“ од повеќе извори. Според истите информации, тешко ранетиот Мартиновиќ бил пронајден...

Жена од Крива Паланка си го истепала сопругот за Нова година

Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во кривопаланечко село, по претходна...

Срби се испотепаа во Охрид за Нова Година

На 01.01.2025 во 01.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, приведени се српските државјани Д.Ќ.(20) од Панчево и А.К.(26),...