6.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа 40 години извршени 1.250.000 абортуси во Македонија

За 40 години извршени 1.250.000 абортуси во Македонија

spot_imgspot_img

Божидар е првото име што почнало да го гради дрвото на животот. Пред 4 години, млада жена од внатрешноста отфрлена од семејството и околината, била пред тежок животен предизвик – Дали да го абортира плодот што го носи? Сите ја осудувале и единствено место за поддршка пронашла во советувалиштето Лидија, срце што чука. Ја донела вистинската одлука и наскоро нејзиниот син ќе слави роденден. Оттогаш до денес, со совети и поддршка од стручни лица, оваа невладина организација помогнала наместо абортус, да бидат родени и близнаците Јана и Илина, Марија, Дарио и уште четириесетина дечиња.

-Имаме за 5 години 40 бебиња кои биле спасени и уште толку кои биле закажани но не отишле на терминот за абортус, за што претпоставуваме дека и тие биде родени, вели Светлана Јованова директор на советувалиштето Лидија срце што чука

Имаме две немаме услови да одгледуваме трето дете. Семејството ќе ме избрка од дома доколку станам самохрана мајка..ова се најчестите причини кои ги слушаат во советувалиштето. Велат дека не ги присилуваат нивните клиенти за одлуката што ќе ја донесат. Но им укажуваат на предностите од давањето на нов живот, но и последиците од абортусот.

-Многу од нив незнаат со што се соочуваат. Незнаат дека првата бременост и абортусот носат стрес, депресија..но и најстрашното..неплодност кај жените, вели Јовановска.

-Секако, ние им укажуваме на жените дека и доколку одлучат да направат абортус, можат повторно да побараат помош од нас психолозите, вели Александра Митевска, психолог во Лидија срце што чука

Од невладината организација се во постојана комуникација со речиси сите мајки и брачни парови кои поминале кај нив. Oдат на родендени кај децата и така го надополнуваат дрвото на животот.

-Ова се сите родени бебиња кои беа спасени од абортус, и секако ова не им се вистинските имиња, ги дадовме ние бидејќи организацијата го гарантира правото правото на дискреција, и сакаме да ги заштитиме и детето и мајката, вели Јовановска

Јовановска вели дека треба да бидат разбиени предрасудите за самохраните мајки кои достоинствено ги одгледуваат нивните деца. Правото на живот е најголемата придобивка.

-Застрашувачки се бројките од невладината Лидија срце што чука..Од 1972 до 2019 во државата имало повеќе од 1.250 000 абортуси.

Абортусот во државата не е забранет. Но после 12 недела, жената законски мора да помине на комисија и има рок од три дена да ја донесе одлуката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж!

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж! Денес повторно нè осветли божествената слава. Денес ни беше даден дарот на мудроста. Денес уште еднаш...

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...