20.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаУЈП бележи пораст на собраните даноци

УЈП бележи пораст на собраните даноци

spot_imgspot_img

За две недели ќе бидат исплатени првите пари од скенираните фискални. Во првото тромесечје на сметките на 170 илјади граѓани ќе легнат 3 милиони евра, или максимум по 1,800 денари . Според сумираните податоци, до сега околу 50 илјади корисници го достигнале лимитот од 600 денари месечно.. Интересот за мерката, според директорката на УЈП, Лукаревска, постојано расте. До сега има над 183 илјади граѓани кои скенираат фискални и направиле вкупен промет од речиси 300 милиони евра

Имаме 183 572 корисници кои скенираат фискални сметки и од јули до сега за поврат на 15% од ДДВ треба да се исплатат 5 милиони евра, од кои за првото тромесечје 3 милиони евра, изјави Сања Лукаровсова, директор на УЈП

За неиздавање фискални сметки казнети се 100 тина трговски објекти низ цела Македонија. Лукаревска е задоволна што расте свеста кај граѓаните дека даночно затајување не смее да се толерира. За тоа говорат и бројките, според кои од месец на месец растат приливите по овој основ. Инаку, на 25 годишнината од основањето на Управата за јавни приходи, Лукаревска се пофали со постигнатите резултати. Во буџетот од почетокот на годината до октомври се слеале над милијарда евра само од платени даноци, 966 милиони евра од социјални придонеси, се прави редовен и неселективен поврат на ДДВ то, од годинава граѓаните нема да одат на шалтер да поднесуваат Годишна даночна пријави , затоа што Управата електронски ќе ја доставува.

Наташа Мерсовска сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...