19.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветНаталија Кузнeцова: Не ми е важно што бицепсите на мојот сопруг се...

Наталија Кузнeцова: Не ми е важно што бицепсите на мојот сопруг се помали од моите.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Руска бодибилдерка е интернет сензација со масивните мускули, кои ги фрлаат во сенка дури и врвните машки бодибилдери.

<

Наталија Кузнецова не само што е најтешката жена која се занимава професионално со бодибилдинг, туку и има поставено три светски рекорди. 28-годишната фитнес зависничка во моментов тежи 90 килограми и привлекува огромно внимание каде и да се појави.

Нејзиниот сопруг, Владислав Кузнецов, исто така е руски бодибилдер. Наталија вели дека не ѝ е важно што неговите бицепси се помали од нејзините, зашто смета дека заемната љубов и поддршка се клучни состојки за среќна врска.

Мускулестата Русинка започнала да вежба на 14-годишна возраст за да си ја зголеми самодовербата, бидејќи била многу ситна и тежела 40 килограми. „Бев како мало глувче додека растев“ – рекла таа.

„Исто како и сите останати, првпат отидов на фитнес без некаква посакувана цел, но по три месеци, мојот тренер ме праша дали сакам да учествувам во натпревар во бодибилдинг. До 15-годишна возраст, бев шампион во Забајкалски крај“ – објаснила Наталија за моментот кога решила да се занимава професионално со бодибилдинг.

Од 2018 наваму, Наталија работи како тренер по бодибилдинг.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...