15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов: Ми викаат многу работиш градоначалниче, и во право се, за две...

Шилегов: Ми викаат многу работиш градоначалниче, и во право се, за две години го намалив и загадувањето во Скопје.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На многу пат сме од пред две години. Успеавме полека, полека, чекор по чекор, Скопје да го претвориме во успешна приказна. Најдоброто допрва следува. Покажавме дека не беше залудна бробата за промени“. Со овие зборови, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го почна говорот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на завршниот настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“.

<

Шилегов во говорот се пофали дека системски почнале да ги решаваат проблемите кои со години биле ставани под тепих.

За две години презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето. Инспекциите се засилени за загадувачите“, рече тој и додаде дека 13 од 23 средни училишта имаат енергетски фасади, Градот дал субвенции за оџачари, за набавка на инвертери, велосипеди, го обвновиле зеленилото во Градот, а градските улици и булевари се граделе побрзо и подобро од порано.

Ми викаат многу работиш, не ти чини пиарот, не знаеш да се фалиш. Ние не се фалиме, затоа што за нас тоа е редовна работа. Поважно од улиците, булеварите и објектите, Скопје се луѓето, Скопје е секој од нас што не е присутен во оваа сала, рече Шилегов и кажа дека нема да дозволат Скопје да се врати, во како што рече, црното минато.

Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави исто така скопскиот градоначалник.

Наместо набавки на скапи автобуси, на пат се 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас кои од следниот февруари ќе ги гледаме низ скопските улици, рече Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки и во делот на хигиената на градот, сообраќајот и аерозагадувањето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...