18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЦрна Гора се придружи на „Мини Шенгенот“, Косово бојкотира-не сакале во мини...

Црна Гора се придружи на „Мини Шенгенот“, Косово бојкотира-не сакале во мини Југославија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Европската Унија ќе даде 1,2 милијарди евра за сите договори произлезени од „Мини Шенген“. Оваа вест денеска ја соопшти домаќинот на третата средба од иницијтативата Мини Шенген, премеирот на Албанија, Еди Рама. Гостите, претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ и премиерот на Макеоднија Зоран Заев, говореа за придобивките од самиот. Иницијативата значи забрзување на интегрирањето во ЕУ, а Унијата е нашиот пат, рече Заев.

<

„Оваа соработка ќе може да биде дополнителен акцелератор на отстранување на нетрпението на нашите граѓани за побрзо членство во  ЕУ. Но, секако со пирчини и вистински трансформативни процеси кои ќе не европеизираат. Оваа европеизација може да ја направиме и самите со ваква регионална сорабоатка. Има простор и овој простор треба да го искористиме и должност ни е да работиме во функција на граѓаните стопанството“-рече Зоран Заев.

 

На прес конференцијата Рама со критики до косовските власти за тоа што одбиваат да учестуваат во иницијативата „Мини Шенген“, бидејќи таа е во инетерес на ЕУ интеграциите на регионот.

„Нема да се заморувам туку ќе  повторам дека оваа иницијатива не е ексклузивна за никого, таа е инклузивна, отворена, нема услови, никој не се наметнува. Ги поканивме сите во Тирана како и на претходните состаноци. За мене, повторното одбивање на косовските власти да присуствуваат на оваа тркалезна маса е неразбирливо и штетно за самото Косово. Ние сме тука за да го изградиме мостот помеѓу минатото и иднината. На минатото што нè дели и на иднината што нè обединува. Целиот процес е во целосна кохерентност со амбицијата изразена од сите земји“-изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

За српскиот претседател Вучиќ инцијативата е најдобриот повик до инвеститорите. Членството во ЕУ не зависи од нас туку од тоа што ќе прават европските земји самите со себе.

„Ние сме на европскот пат, целта ни е ЕУ, но да видиме колку ќе не сакаат во иднина. А кога не зависи се од нас, ајде ние да работиме на она што зависи од нас. И ако ние подобро се разбираме ќе живееме подобро и тогаш никој нема да може да не потценува“-рече Александар Вучиќ, претседател на Србија

И Црна Гора се приклучи на иницијативата.

„Ќе ни биде задоволство во наредниот период да учествуваме во овие разговори, во оваа иницијатива и да придонесеме за регонот на Западен Балкан да ја оствари својата ЕУ интеграција“-истакна Мило Ѓукоановиќ, преседател на Црна Гора

Настанот беше проследен со бројни протести насочени против српскиот претседател. Дел од оргнаизаторите тврдеа дека Мини Шенген е проект за нова Југославија од кој најмногу корист ќе има Србија бидејќи преку Албанија ќе и биде даден пристап до Јадранското Море.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...