28.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСЕМЕЈСТВОТО ОБАЛЕК ОД ПОЛСКА ЈА ПОСЕТИЈА СТРУМИЦА СО СВОЈОТ ТРАКТОР НА...

СЕМЕЈСТВОТО ОБАЛЕК ОД ПОЛСКА ЈА ПОСЕТИЈА СТРУМИЦА СО СВОЈОТ ТРАКТОР НА ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Необичен трактор, стар 55 години, на кој е прикачена камп приколка и од кој се виори полското знаме, во моментот го заобиколува светот. Семејството Обалек од Полска има изберено необичен начин на патување околу светот.

<

Марцин и неговата сопруга Моника се дел од ова патување полни 15 години, а зад нив стојат над 40 000 километри. Од неодамна, на патот им се придружија и нивните ќерки.

На својата последна авантура тргнале од полскиот град Познања, патот ги водел низ Унгарија, Словенија и Хрватска, за на крај преку Босна и Херцеговина да стигнат до Србија, каде решиле да направат кратка пауза од патувањето. Низ Србија од голем број семејства љубезно им е понудено гостување – неколку дена отседнуваат кај домаќини од Лесковац, кои не сакале да слушнат за пари како надоместок за топлото добредојде.

„На Балканот се чувствуваме како дома, само што овде сонцето е потопло, се’ е многу позелено. Да не стане збор за убавото вино и ракија.“ – вели Марцин, кој до пред неколку години го носеше семејството на тракторски тури низ сите континенти, вклучувајќи ги и Јужна Америка и Австралија.

По професија земјоделски инжињер, тој ја покренува иницијативата за организирање на проектот „Тракторијада“ – како начин за ширење на полската култура и технологија, зближување на Полска со другите посетени земји и отварање на поголеми шанси за соработка меѓу земјоделците ширум светот. Тоа не е единственото занимање на Марцин и неговата сопруга – во голем дел од посетните градови во Европа и Америка тие држат превентивни предавања против дрога и другите болести на зависност.

На прашањето како се справуваат со можните дефекти на тракторот (ако се зема во предвид дека е многу стар), Марцин одговара: „Ги поседувам сите валидни дозволи и документи за тракторот. Ја оддржувам машинеријата благодарение на честите посети кај мојот механичар – Ричард Џер, кој ми е достапен на мобилен телефон независно од тоа во кој дел од светот се наоѓам. Немам тендеција да се обраќам кај локални механичари. Ако почувствувам дека станува збор за сериозен дефект, се консултирам со Ричард, а тој, преку звукот на моторот што го слуша преку телефонот, може точно да ми каже за што станува збор.

Обалекови, и покрај илјадниците поминати километри својот пат од Србија го продолжија кон Македонија. На наша територија беа околу една седмица, за вчера да направат фотографии и во Струмица. Топло добредојде во Струмица им посакаа  струмичанката Ангела Дончева која им помогна, а пак од Story сoffee to go на семејството им обезбедија кафе, свежи сокови и други пијалоци кои несомнено ќе им се потребни по пат, ако се зеде во обзир дека по овие горештини се упатуваат кон соседна Грција.

струмица денес

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...