18.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски: Австралија може мирно да спие, за брзо доаѓа помошта од...

Оливер Спасовски: Австралија може мирно да спие, за брзо доаѓа помошта од Македонија.

spot_imgspot_img

Техничкиот премиер Оливер Спасовски објави дека Македонија ќе одобри помош за Австралија во справувањето со големата огнена стихија која ја зафати земјата и однесе голем број човечки жртви и направи огромна материјална штета со тешки последици по биодиверзитетот.

Владата на првата следна седница, како што кажа Спасовски, ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите.

„Секогаш сме ја имале поддршката од пријателска Австралија, а сега најмалку што може да направиме е да бидеме солидарни и да им дадеме мала помош за да ги надминат огромните штети кои ги направија пожарите“, напиша тој на својот Фејсбук.

Техничкиот премиер изрази сочувство на семејствата на загинатите и посака брзо справување со последиците за сите граѓани на Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора.

„Нашата амбасада во Канбера и конзулатот во Мелбурн стојат на располагање за помош и поддршка на сите македонски граѓани, како и на целата наша дијаспора. Голема поддршка за пожарникарите, медицинските и други службени лица кои се борат со огнената стихија, како и до сите други институции и до владата“, додаде Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...