10 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЕдни исти луѓе цело време добивале: Дали наградите на мој ДДВ-моја награда...

Едни исти луѓе цело време добивале: Дали наградите на мој ДДВ-моја награда се наместени?

spot_imgspot_img

Министерството за финансии, УЈП и Државната лотарија упорно ги убедуваат граѓаните да скенираат фискални сметки и да учествуваат во наградната игра „Мој ДДВ-моја награда“.Сепак се поставува прашањето дали се е чисто и чесно во оваа наградна игра?

КОД ги истражуваше добитниците и дојде до интересни податоци.

За само два месеци, девет исти имиња со девет исти кориснички броеви добиле дневна награда од по 1000, 2000 или 3000 денари. Еден жител на Зелениково, пак, добил месечна награда од 100.000 денари и по неколку денови уште една дневна награда од 1000 денари. Институциите без конкретен одговор која е веројатноста од милионите учесници, за само два месеци, деветмина да се двојни добитници – анализира емисијата КОД.

КОД, по своето детално истражување на добитниците кои се објавуваат секој ден, го поставува прашањето: Дупла среќа или софтверска грешка?

На 17-ти декември добитна била фискалната сметка на Веле од Струмица, кој тој ден добил 3000 денари. КОД во своето истражување открива дека ова не е единствен пат истото лице да добие пари од „Мој ДДВ-моја награда“. Веле добил награда и на 30-ти јануари годинава.

Милиони сметки и нешто помалку даночни обврзници секојдневно учествуваат во играта. И покрај тоа што шансите се минимални, сепак може да му се посреќило на истиот човек два пати да добие. Но, како пребарувавме така бројот на двојните добитници растеше. КОД успеа да дојде до 9 имиња кои се повторуваат – истакнуваат од КОД каде се објавени и имињата на двојните добитници.

Лицето Амел Лековиќ од скопско Зелениково, истражува КОД, е еден од добитниците на награда од 100.000 денари.

Наградата од 100.000 денари ја доби за ниска сметка, а неговата приказна објавена од лотарија открива дека е дојдена во вистински раце. На 20-ти јануари повторно му се насмеала среќата. Во дневните награди негова фискална е наградена со 1000 денари – објави КОД.

Екипата на оваа емисија ги контактирала надлежните од каде добила одговор дека еден учесник, со еден број во текот на еден ден може да добие една дневна награда. Но, правилата не забрануваат следните денови тој да биде добитник и на друга награда.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...