17.5 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаНапрај се Василичар – Вевчанци со финални подготовки за карневалот

Напрај се Василичар – Вевчанци со финални подготовки за карневалот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Традиционалниот Вевчански карневал и годинава ќе понуди богата културно-забавна програма и забавни содржини за повеќе од 10.000 посетители. Организаторите најавуваат над 1.000 оригинални маски, што се чуваат во тајност се до денот на одржувањето на карневалот, и многу други содржини со кои Вевчани стана примамлива туристичка дестинација за посетители од земјава, и од странство, чиј број од година во година е се поголем.

<

Градоначаникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, на денешната прес-конференција во Скопје, најави дека се е подготвено за најголемиот уличен театар во нашата земја, што постои цели 14 века.Резултат со слика за Василичар вевчани"

– За оваа 2020 година, јас и сите вевчанци ветуваме многу смеа, игра, тетатар и маски кои што ќе го привлечат вниманието на јавноста, задржувајќи ја својата уникатност и архаичност. Повикувајќи се на годинашниот оригинален слоган: „Ке ојш? На вевчански. Напрај се и ти василичар“ ги повикувам сите љубители на добрата забава да дојддат во Вевчани и да станат василичари – порача Јанкоски.

Градоначаникот на Вевчани се надева дека како и досега учесниците на карневалот биле креативни во подготовката на нивните маски и акцентот, освен на политичките случувања, ќе го стават и на други моменти од јавниот живот во земјава. Тој потенцираше дека за време на неговиот мандат немало навредливи маски и се надева дека така ќе биде и годинава.

Инаку, за првпат оваа година на „Вевчанскиот карневал“ ќе има и кулинарско шоу со Бранко Попоски насловено „Вкуси го Вевчани“. Тој е познат по својот гастрономски блог на социјалните мрежи: „Готвење со Бранко“ (Cooking with Branko), а за време на карневалот најави дека ќе ги подготви сите традционални вевчански специјалитети што се подготвуваат во оваа пригода, но на специјален начин.

Годинашната програма запонува на 12 јануари во 16 часот кога ќе биде отворена изложбата „Вевчанскиот карнвал низ призмата на Билјана Јуруковски“. Вечерта во 19 часот на отвoрената сцена на игралиштето ќе настапат: ди џеј Тодороф, дуото „Ај кју“, „Браш брадерс“ и популарниотпејач Влатко Лозаноски. На 13 јануари, по претставувањето на маските на големото василичарко дефиле, во вториот дел на програмата што почнува во 21 часот ќе настапат фолк ѕвездите: Дамјан Стојановски и Татијана Стефановска со своите бендови, а на полноќ со традиционален огномет и со настапот на дувачкиот оркестар „Весела дружина“ ќе биде пречекана Стара нова година.

По дефилето на 14 јануари, според паганските обичаи, точно напладне маските се палат, со цел да се уништи злото и почнуваат подготовките за следната година.

Градоначаникот на Вевчани Сашо Јанкоски на присутните на прес-конференцијата им подари вевчански пасоши и вевчански личници и ги покани да го проследат карневалот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...