3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПогледнете што краделе најмногу Прилепчани по маркетите....

Погледнете што краделе најмногу Прилепчани по маркетите….

spot_img

Мастики за џвакање, чоколади, кондоми, тегли со ајвар, кашкавал, сиренце, козметика, жестоки пијалаци и многу други продукти може да се најдат во џебовите, под пазувите, во торбите и пантолоните на муштериите на кои им “фаќа” раката по маркетите. Kpaжбата на потрошувачите не се тренд, туку појава особено присутна во големите маркети со големи полни рафтови.

Кои се прилепчаните што сакаат да ја заобиколат касата, противправно да прибават материјална корист и задоволат своја потреба? Од која социјална категорија се арамиите и кои се најчестите производи кои им запнуваат за око на муштериите на кои им се лепат прстите? Од маркетите на Тинекс, Кам, Тобако, Пано трејд, Шопе комерц и Футура дознавме секакви приказни за сограѓаните на кои им “фаќа раката”.

При нечесната операција некои се опремуваат и со специјални торби со двојни дна или облечени со дебели и широки винтјакни, со џебови како на попските мантии. Се крадат и кондоми и тегли со ајвар, парфеми, женски жилети за бричење, паштети… Момче било фатено со украдени кондоми, а баба со прашак за печиво од два денари.

– Муштерии ги ставаат производите во џебови на специјални елеци сошијани во јакните. Обично, наркомани земаат сé и сешто, скапи кремови, жестоки пијалоци, кои ги продаваат да дојдат до пари. Старите лица во торби ставаат сувомеснати производи, пилиња… Кражбите најчесто се околу 14-15 ч, кога се менуваат касиерките и не може да се следи движењето на муштериите, зашто менаџерите имаат други обврски. Најмногу земаат стари лица од 50 до 70 години. И тоа редовните муштерии кои доаѓаат два-трипати во денот, се умилкуваат, се поврзуваат со вработените и човек тешко се сомнева – велат од Тинекс.

Касиерите почесто сакаат да ги заобиколат припадничките од понежниот пол, отколку мажите кои се почесни. Украдените производи ги криеле дури и во долниот веш.

– Муштеривка имаше скриено сапунче за тоалетна школка в прслук. Друг шишето со алкохолот го сокрил во внатрешен џеб на пантолоните. Старите пикаат во пазувите под палтата. Да се чуди човек каде што не ставаат – велат од Пано трејд.

Летно време, зимската гардероба ја заменувале со торби со двојно дно. Се става украден кашкавал, сирење и друго, а згора леб и само тоа ќе го наплатат, демек “празна” им е торбата.

– Познат арамија кога “оперираше”, го бркав и го фатив. Гол го соблеков и го оставив пред црква. Стоеа алиштата и телефонот три дена, потоа дојде и плати за десетина шишиња најскапи пијалоци. Беше на возраст од околу 40 години. Да крадеше ракија, ќе мислев дека е пијаница, наркоман, се лечи, а тој најскапите работи – објаснуваат од еден од маркетите.

Дете може да украде чоколадо, гладен да земе леб, но најчудно е што материјално обезбедени и образовани граѓани се крадци. Кашкавал краделе дури и професори и доктори.

– Сувомесни и млечни производи кријат добро ситуирани лица, и тоа постари. Тоа се професори, доктори. Ставаат во чантата по некое парче скап кашкавал. Кога ќе се усрамат пред сите, повеќето не се враќаат да пазарат – велат од маркет.

Претежно крадците биле женски. За нечесните постапки знаеле брачните другари кои го покривале резилот од болеста на сопругите. – Имаше случај на добро ситуирана возрасна жена која пазареше. Боледуваше од клептоманија, земаше постојано по нешто. Мажот í, ни рече да ја оставиме. Тој доаѓаше и плаќаше – велат од Тобако.

Некои краделе дури и прашок за пециво кој чини дури 2 денари.

При откривањето, крадците се обидуваат да побегнат. Ги туркаат продавачките, дури и ги повредуваат. Не се плашат ниту од полицијата. И законот ништо не им може. За нешто ситно, му го вадат од торбата и му го наплаќаат. Смешни измислици смислуваат, сцени, се тресат, треперат, плачат… Се вадата дека го купиле артиклот од друго место, а фискална немаат.

– Полиција прави записник. Тоа не е обештетување. Само над 10 илјади денари може да се поведе постапка по службена должност. Секој може да украде 500 – 1000 денари, а за тоа да не одговара. Проблемот е законот. Не можеш да направиш ништо. Повеќе пари ќе дадеш по судови со приватна тужба. Порано ,,раце се сечеле,, на тие што крадат, биле обележани пред средината – велат од Тинекс.

И камерите не се многу ефикасни, оти кратците се вешти, се сокриваат. Но, делуваат психолошки, влеваат страв и внимаваат.

Од маркетите објаснуваат дека не ретко потрошувачите се гоштеваат додека пазаруваат. Имало и отворање на производи, ставање на празните кутии на различни места. Мезење и каснување при шетањето меѓу рафтовите.

Продавачите го сносата трошокот на украденото, ако минува над утврдениот кусок.

ТЕПАЧКИ СО АРАМИИТЕ

Нервозната реакција е најчестата одбрана кога ќе се фатат на дело. Арамиите се обидуваат и да се пресметаат со касиерките при обидот за бегство.

– Бегаат низ врата со пленот в раце. Некогаш ги туркаат и касиерките. Може да се случи и да ги повредат, ги штипат – велат од маркетите.

(Зенитприлеп)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...