14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Ни го сменија името и идентитетот за да пљачкаат и бидат...

Мицкоски: Ни го сменија името и идентитетот за да пљачкаат и бидат власт

spot_imgspot_img

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Економски Магазин“ на телевизија АлсатМ посочи дека УЈП има околу 4 милијарди денари помалку соберено од она што било предвидено.

 

-Даноци се собираат по три основи. УЈП која што собира 70% од вкупните даноци во државата. Собираат три вида на даноци, еден е данок на добивка, персонален данок на добивка. Вториот е персонален данок на доход. И третиот е данок на додадена вредност. Данокот на добивка е паднат некаде за 24.5% споредена од планинарната. Данокот на персонален доход е од прилика околу 0 или 1, така нешто. Зошто? Затоа што имавме поголема даночна основица во првите 11 месеци во годината. Ако ја немавме, ако беше онаа старата која што ја вратија сега популистички предизборно откако видоа дека целата економска политика им  се урна, тогаш и тука ќе имавме потфрлања најмалку 10%, објасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека 4.2 или 4.3 милијадри денари УЈП имаат соберено помалку од она што го планирале.

-И затоа сега владата ги правда преку земање на нови заеми. Владата дури вчера зеде заем од 8 милиони евра. Поради тоа сега во македонскиот буџет има дупка,вели лидерот на  опозицијата.

Според него, Македонија со владата на Заев ги доживеа најлошите години во економијата. Додека економијата во ЕУ цвета, кај нас оди во амбис поради тимот на Зоран Заев.

-Најдобрите години во времето на периодската и општествена економија ние ги рушиме. Економијата е реципрочна природа. Каде што има периоди на каде што 3,4,5 години добро оди. Но има периоди на 2,3,4 години кога не оди, појасни Мицкоски.

Тој кажа дека има вештачки пораст на капиталните инвестиции и го посочи случајот во кој биле префрлени над триесетина милиони евра во Македонски енергетски ресурси.

-Во суштина капиталните инвестиции пораснаа затоа што навидум биле префрлени триесетина и нешто милиони евра во МЕР(Македонски енергетски ресурси), кој што требало да го докупи делот во ГА-МА. Нормално тоа не се случило и сега што правиме? Еве повторно уште една лага, вели тој.

Според Мицкоски не се точни тврдењата од страна на министерката за финансии, Нина Ангеловска која што пред еден месец тврдеше дека има реализација на капиталните инвестиции од 78%.

-Како може да тврди кога таа на 10 декември тврдеше едно, но доколку ја прашавте на 10 јануари истата таа министерка ќе ви кажеше дека не е така. А зошто не е така? Затоа што парите биле префрлени од Министерството за финансии до МЕР за да го откупат делот во ГА-МА , од 35 до 36 милиони за да после тоа на 10 јануари истата таа министерка рече дека „сега добивме информација дека всушност не се потрошени тие пари“, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на процесот на промена на името и идентитетот. При тоа тој се осврна на два моменти.

– Првиот дел е оној  суштинскиот. Тоа е дека власта со нејзиното политичко функционирање, или  владата и Зоран Заев  и луѓето околу него функционираа на една основа, го украдоа името, го украдоа презимето, го понижија идентитетот, ја уништија гордоста и достоинсвтото на граѓаните во Македонија, посочи Мицкоски.

Според него Македонија никогаш не била во полоша ситуација.

-Втората работа е пљачка криминал и корупција. Тоа е политичкото функционирање на оваа владеачка гарнитура. Затоа велам дека Македонија никогаш не била во полоша ситуација, рече Мицкоски.

Оттука поради овие работи, според него  е многу јасно дека на престојните избори во април ќе загубат и ќе следи обнова на Македонија.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...