19.7 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаДа не добиевме номинација за оскар Атиџе и денес ќе беше без...

Да не добиевме номинација за оскар Атиџе и денес ќе беше без струја: Првпат по повеќе од 60 години, Атиџе ќе има струја во куќата каде што го поминала животот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Лозово се видел со Атиџе и на 12ти Март, шо не и понуди тогаш  вработување и санирање на кровот, и Атиџе да живее како секој нормален граѓанин, да има струја, вода а не цел живот да го поминува со ламба во нејзината трошна куќа. Или убаво дојде момент кога цела јавност и медиуми се заинтересирани за Атиџе па некому му текна да се гледаат на врвот?, прашува едно од највлијателното лице на социјалните мрежи под псевдонимот Ина Многуфина.

<

-Не треба да си многу бистар да сфатиш дека на Атиџе треба да и се даде или пензија или субвенција за да остане во природа и да го работи тоа што го сака, а не за сопствен ПР на општината да ја пикаат да работи у општина при тие скандали кои ниеден ПР не ги пере каде истиов овој градоначалник по дисциплински казнуваше жени, па излагаа сиротки плачеа по ТВ за на крај Апелација да одлучи дека неосновано ја избркал таа што е бремена и му ја врати на работа, пишува Ина Многуфина и додава:

„Со другата жена не знаеме што се деси дали се договорија каде да ги мие шољите пошо и за тоа имала дисциплинска. И сега Атиџе у таа средина ќе ја пикнат, со колеги кои не им прават муабет на тие што не се сакаат со градоначалникот според кажувањата на жртвите на мобинг. А шо ќе прави Атиџе у општина? Она и претходно имаше и трошна куќа и немаше работа, ама сега Оскар е у прашање чекај да удриме еден ПР. Инаку, од местото каде ќе живее Атиџе до Општина Лозово е 1:54 минути пешки според гугл мапс, тоа се 4 часа во денот одење и враќање од работа. Убаво е што ќе и помогнат, сакам да и ја средат куќата и све тоа, но дали е ова со вработувањево правиот начин за да добие пари жената или треба некое друго примање да има не сум сигурна баш…“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...