26.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонија"Пиј си кааве, пиј си тутун, азното само ќе дојди"- Игор Златески...

“Пиј си кааве, пиј си тутун, азното само ќе дојди”- Игор Златески освои 1.000.000 денари со пиење кафе !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Втора година по ред, вашето омилено Гранд кафе ве наградува за лојалноста и ви ја дава можноста да станете милионер! Наградната игра „Стани Гранд милионер“ заврши со извлекувањето на четвртиот и последен Гранд милионер за 2021, кој може да се пофали дека пиењето на кафе буквално го направи побогат човек.

<

Игор Златески од Македонски Брод е последниот извлечен Гранд милионер за оваа година. Тој учествуваше во наградната игра „Стани Гранд милионер“ со испраќање на кодот кој го пронајде во внатрешноста на пакувањето, а тоа му донесе 1.000.000 денари. Навистина, не можеше да биде полесно!

Пијам Гранд кафе од порано, но откако почна наградната игра почнав да купувам многу почесто. Го сакам неговиот вкусот, сметав дека механизмот за учество е многу едноставен, па си реков – Зошто да не?“, вели Игор Златески, последниот извлечен Гранд милионер за оваа година.

Низ годините луѓето од овие простори стекнаа навика на купување Гранд кафе – делумно поради тоа што се работи за кафе произведено во Македонија кое е лесно достапно локално, но уште повеќе поради неговиот незаменлив вкус, кој го направи прв избор кај толку многу домаќинства во регионот. Токму затоа, Гранд уште еднаш покажува дека верноста се исплати.

„Немам размислувано како ќе го потрошам милионот, бидејќи сето ова ми е се’ уште многу свежо. Знам дека сигурно ќе ги искористам парите заедно со семејството, да ги израдувам жената и ќерките“, додава Игор.

Наградната игра за оваа година заврши, но Гранд кафе и понатаму ќе продолжи да ве радува и да ве изненадува со подароци. Гранд кафе ви се заблагодарува на сите кои испративте кодови и учествувавте во наградната игра „Стани Гранд милионер“ во изминатите четири месеци и ни помогнавте да поставиме нови рекорди кога се во прашање наградните игри.

А сега, единствено ви преостанува да уживате во новогодишниот период со вашето омилено кафе. И мирис и вкус – Гранд кафе. Среќни празници!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...