8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаСветОва е трет ваков случај во историјатa: Започна судењето на Доналд Трамп...

Ова е трет ваков случај во историјатa: Започна судењето на Доналд Трамп во Сенатот (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Во американскиот Сенат почна судењето во процесот за отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп, што е трет случај во американската историја.

Стотина сенатори се најдоа во седиштето на Конгресот во Вашингтон под претседателство на шефот на Врховниот суд Џон Робертс. Но, пред почетокот на расправата за обвиненијата за злоупотреба на власта и опструкцијата на работата на Конгресот, усвоени во декември во Претставничкиот дом на Конхресот, тие расправаат за правилата на играта.

Првата обврска на Сенатот, кој го предводат републиканците, е изјаснување за временската рамка на целиот процес – што го предложи Мич Меконел, лидерот на мнозинските републиканци во Сенатот.

Според резолуцијата која ја предложи Меконел, претставниците на демократите, кои во процесот на отповикување ја вршат функцијата на обвинител, како и правниот тим на претседателот Трамп имаат по дваесет и четири часа во следните два дена да го претстават своето гледање на случајот.

Меконел подоцна малку ги ублажи временските ограничувања, откако се побунија покрај демократските и некои републикански сенатори. Тој, меѓутоа, не крие дека сака брзо да дојде до ослободување на Трамп од обвиненијата, иделано во рок од две недели.

Адам Шиф, демократот задолжен за обвинението, кажа дека републиканците организираат наместен процес во Сенатот, додека републиканците тврдат дека демократите спроведоа наместена истрага во Претставничкиот дом.

Во моментот на почетокот на расправата за отповикување во Сенатот американскиот претседател се наоѓа на Светскиот економски форум во Давос.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...