20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаДијаспората од Австралија уште еднаш ја покажа својата хуманост: За неполни 48...

Дијаспората од Австралија уште еднаш ја покажа својата хуманост: За неполни 48 часа собрани над 7.500 долари за семејството Јованови од Велес

Пред неколку дена Телевизија 24 ја објави сторијата за условите во кои живее семејството Јованови од Велес. По објавената сторија помош почна да пристигнува од сите страни.

Граѓани, граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, естрадни уметници веднаш започнаа да помагаат. Јордан и неговата мајка Анѓа деновиве имааат голем број посетители кои им носат помош.

Доказ дека нашиот народ е великодушен и со хумано срце е и иницијативата за собирање средства на Фејсбук. Таа иницијатива ја започна велешанецот кој живее во Австралија, Ордан Наумов.

Првичната цел била да се соберат 500 долари за неколку кубици огревно дрво и храна. Но, по неполни 48 часа собрани се над 7.500 долари.

Со средствата се планира да се купи покуќнина за Јордан и Анѓа и да им се овозможи да имаат еден нормален живот каков што заслужува секој човек.

 

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...