15.8 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче- Нема простор за паника од корона вирусот имаме најсовремена опрема за...

Филипче- Нема простор за паника од корона вирусот имаме најсовремена опрема за негово откривање и изолација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но ќе се преземат превентивни мерки и од утре ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанубл и Дубаи, кои имаат вска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус.

<

Ова е заклучокот на Комисијата за заразни болести, што денеска со соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека  нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера, изјави министерот.

Потеницра дека нашиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и дека ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пацинетите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.

На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Минситерот посочува дека со оглед на тоа што е сезона на грип се очекува и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување.  За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионотна Кина, од регионот на Вухан, а кај кои може да се јават симпотми,министерот најави дека од утре ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понтаму насочени каде да се јават во нашиот здравствен систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус доколку постои да не се прошири. Сите други пацинети кои имаат симпотми на грип ќе го пратат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника.

Министерот потенцира дека имаме алгоритам на делување за лекување потенцијално доколку треба изолација и каранти.Вели дека согласно досегашните постапки, има огромно искуство кај експертите епидемиолози, експети од областа на инфективната медицина во третманот на препознавање, превенција и рано откривање на овие пациенти кога беше случајот со епидемијата на ебола.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито

Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Тој беше член на Главниот одбор на Социјалистичката...

Панче: Најдобрите студенти ќе се запослат во МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и...

Превентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:   Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа...