16.3 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаГо ограби македонскиот народ со ''ТАТ'' па сега пишува поезија од затвор...

Го ограби македонскиот народ со ”ТАТ” па сега пишува поезија од затвор !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дел од затворската поезија и припаѓа и на Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ банката. На неа и припаѓаат последните страници од овој број на весникот. Раскажува за љубовта, за хуманоста, за пријателството, за скромноста, за тагата и зборува во име на жените осуденички, објави mkd.мк

<

Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

„Ние сме на оваа страна од решетката. Сите други се од другата страна. Сонцето изгрева и за нас и за нив, а радоста и тагата се исти за сите. Овде нема националност, образование, возраст. Сите сме во маката и надежта заедно. Се караме, се расправаме за минорни работи за надвор, а за овде големи, што е нормална работа. Сепак сме вплотени и во радоста и во тагата и кога се слави роденден и друга фамилијарна веселба, и кога има жалосни моменти, кога има болести па дури и смрт на близок член од фамилијата. Заедно се прославува и Велигден и Бајрам. И сите чистиме и сме почастени, а собите наместени со јадење и пиење, па и поскромно да е, за нас се величествени и ние се чувствуваме и однесуваме како да сме во ресторан, со дозволената музика, понекогаш и погласно се заигрува и орце и чочек и тоа е еднаквоста и заедништвото во маката и преголемата надеж за подобро утре“, пишува Николовска во својата поезија.

Затворот, вели најголемата измамничка асоцира на лоши работи, а најважно на изгубената слобода, но додава дека и зад решетки постои љубов и другарство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...