13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаНови детали: Три лица се приведени во врска со ранувањето на полицаецот...

Нови детали: Три лица се приведени во врска со ранувањето на полицаецот пред црквата во Велес

Три лица се приведени во врска со ранувањето на полицаецот пред централната црква во Велес претходно во неделата претпладнето, велат од министесрството за внатрешни работи, а полицискиот службеник е тешко ранет во пределот на стомакот и десната нога, и по настанот итно е пренесен на скопските клиники.

Велешката полиција претходно го потврди вооружениот инцидент и оти се трага по осомничениот кој по инцидентот побегнал. Имаше информации и дека на излезот од градот сите коли се запираат и се претресуваат.

Четириесет и шестгодишниот Е.М., полицаец од Велес е тешко ранет во близина на црквата „Свети Спас“ во Велес. Ранетиот полицаец и негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители од ромската населба Рамина ограбуваат верници кој доаѓале на богослужба во споменатата цркваа.

Во еден момент настанала мешаница меѓу полицајците и еден од сомничените за грабеж, по што насилникот успеал да го одземе пиштолот на полицаецот и со него да испука пет куршуми. Четири од куршумите завршиле во стомакот, а еден во коленото на полицаецот.

Полицаецот итно е бил пренесен во хируршката амбуланта при велешката Општа болница каде му била укажана прва помош. Тој е вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е препратен на Хирушките клиники во Скопје.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...