3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПРИЈАВУВАЧОТ НА ЛАЖНАТА БОМБА ВО „СИТИ МОЛ“ ЌЕ ОДГОВАРА САМО ПАРИЧНО ИЛИ...

ПРИЈАВУВАЧОТ НА ЛАЖНАТА БОМБА ВО „СИТИ МОЛ“ ЌЕ ОДГОВАРА САМО ПАРИЧНО ИЛИ СО ЗАТВОР ДО 3 МЕСЕЦИ, ЗАШТО ЗАКОНОТ НЕ ДОЗВОЛУВА ПОВЕЌЕ

spot_img

Пријавувачот дека е поставена бомба во најголемиот трговски центар „Сити мол“ во скопската населба Карпош, кој го имислил настанот на 29 јануари за да се зафркава со шефот, ќе одговара само со парична или најмногу со затворска казна од три месеци. Така е пропишано во Кривичниот законик.

Обвинетиот лажен пријавувач е вработен во агенцијата што го обезбедува објектот. Момчето не само што испратило смс порака кај својот шеф дека наводно има поставена бомба, туку и учествувал во евакуацијата на вработените и купувачите во „Сити мол“.

ВРАБОТЕН ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СИТИ МОЛ ПРИЈАВИЛ БОМБА ЗА ДА ГО ЗАФРКАВА ШЕФОТ, А ПОТОА ГО ЕВАКУИРАЛ ТРГОВСКИОТ
Според обвинението, лажниот пријавувач П.Ц. (20) од Скопје ќе одговара по член 366 став 4, кој ја пропишува оваа преблага казна. Нема врска што цел трговски центар беше евакуиран и што единицата за антитероризам на МВР изгубила 5 часа пребарувајќи го секој агол, пропишаната казна е таа и нема повисока.

Истражител од МВР за неколку часа го открил лажниот пријавувач, по мобилната апликација од која му пратил порака на шефот.

sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...